Ремастер на Red Dead Redemption можеби штотуку протече на социјалните мрежи и на целиот интернет. Red Dead Redemption е една од најпознатите игри во својата ера и играта која што остави голем белег во историјата. Играта прикажа многу поразлична околина од сите останати игри кои што ги имаат креирано Rockstar Games бидејќи не секој може да направи голем број на игри со брзи коли и големи градови а дополнително да направи игра во Дивиот Запад до перфекција!
Гласините за римастер или римејк на Red Dead Redemption кружат по објавувањето на Red Dead Redemption 2 поради нештата пронајдени закопани во играта, шпекулациите од фановите и многу повеќе. Red Dead Redemption 2 зема многу идеи од првата игра и ги разнесува до екстремно ниво, што резултираше со фановите да сакаат да ја видат првата игра направена во истиот стил. Гласините, исто така, сугерираа дека овој римејк/римастер е одложен пред некое време, но тоа можеби се променило. Корејскиот борд за рејтинг, Комитетот за оценување и администрација на игри на Кореја, се чини дека им се лизна инфомраицја за новата верзија на Red Dead Redemption. Како што забележаа Gematsu, корејскиот рејтинг одбор ја оцени новата конзолна верзија на Red Dead Redemption, иако не наведе конкретни платформи. Вреди да се напомене дека играта претходно беше оценета во Кореја за нејзините оригинални изданија, па дефинитивно е чудно да се види како се појавува овде.
Корејскиот борд за рејтинг е прилично озлогласен по протекувањето игри пред нивното откривање. Тоа е нешто што треба да го поминат сите издавачи за да ја пуштат својата игра во Кореја, па затоа е прилично официјално. Се разбира, секогаш постои шанса ова да е чудна грешка, но со оглед на долгата историја на гласини за ажурирана верзија на Red Dead Redemption, тоа е прилично интересно. Не е јасно дали ова ќе дојде и на PC, ако е легитимно, но тоа би било идеално бидејќи оригиналната игра некогаш била достапна само на конзолите.