Infinity Ward работи на нова Open World RPG игра

Девелоперите од Infinity Ward познати по креарањето на Call of Duty: Modern Warfare 2, навидум работат на нова Open World RPG игра во нивното студио со седиште во Краков, Полска.

Сега исполнетиот оглас за работа (кој беше скриншотнат и објавен на Твитер) рекламираше позиција на наративен директор чии одговорности би вклучиле обезбедување „најдобро наративно и филмско искуство во Open World RPG”.

Забележан од GamesRadar твитот од вестите на Call of Duty @charlieINTEL јасно покажува дека ова е за „ненајавен AAA проект“ со нелинеарен наратив поставен во отворен свет.

Проектот, иако неговото постоење сè уште не е потврдено, се чини дека е во многу рана фаза имајќи предвид дека Infinity Ward само што го заврши рекламирањето за наративниот режисер кој ќе ја „постави целокупната визија и насока“ на играта. Инвеститорот моментално рекламираа за 15 други позиции во студиото во Краков, но ниту една од нив не ја спомнува играта со отворен свет.

Call of Duty: Modern Warfare 2 на Infinity Ward треба да биде објавена на 28 октомври оваа година, а студиото исто така потврди дека работи на Call of Duty: Warzone 2, за кој се вели дека вклучува „револуционерни иновации“.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Се чини дека инвестициски фондови разгледувале можност за купување на XBOX и ја процениле вредноста на компанијата на меѓу 100 и 150 милијарди долари.

Откако компанијата се соочи со неколку недели отпуштања, затворања на студија и откажувања на проекти, многумина почнаа да шпекулираат за можноста XBOX да биде продаден. Сепак, извршната директорка Аша Шарма потврди дека „XBOX не е на продажба“. Иако шпекулациите за продажба беа демантирани, се чини дека други компании ја разгледувале можноста за купување на гејминг-дивизијата.

Инвестициски фондови разгледувале купување на XBOX за сума меѓу 100 и 150 милијарди долари

Неодамнешен извештај на The Information, пренесен преку Windows Central, наведува дека инвестициски фондови го процениле XBOX на меѓу 100 и 150 милијарди долари додека разгледувале потенцијално купување на гејминг-дивизијата на Microsoft. Сепак, во извештајот се наведува дека разговорите биле „краткотрајни“ и „истражувачки“ и дека не довеле до преговори. Да потсетиме, XBOX ја купи Activision Blizzard пред неколку години за сума од речиси 70 милијарди долари.

Сепак, фановите можат да бидат спокојни, бидејќи актуелната извршна директорка нема планови за продажба на компанијата. Шарма изјави дека се подготвени да направат „сè што е потребно за да ја постават компанијата на патот кон успехот“. Откако таа ја презеде функцијата, компанијата веќе направи многу промени: го лансираше XP за да ги прошири франшизите во други медиуми, го најави XBOX Labs, нова дивизија што ќе истражува нови технологии, и многу повеќе.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!