Беше долго чекање, но Capcom конечно објави дека работи на продолжение на култниот Fantasy RPG Dragon’s Dogma.
Шпекулациите се шират во врска со продолжението на добро ценетата игра од 2012 година, само уште повеќе се влошија со одлуката на Capcom да биде домаќин на десетгодишнината. Токму во овој ретроспективен пренос во живо конечно беше објавена долгоочекуваната игра на Capcom, при што директорот на серијата Hideaki Itsuno откри дека Dragon’s Dogma 2 моментално е во развој со тоа што ќе ја соблече јакничката што ја носеше и покажа маичка со Dragons Dogma 2! Е тоа е Јапонско претставување и најавување на игра!
За жал, освен фактот дека ќе го користи RE Engine, сè уште има малку дополнителни информации за споделување за проектот – секако нема навестување за платформи или датум на објавување – но се надеваме дека Capcom ќе има повеќе да открие наскоро.
Додека ја чекате оваа игра што треба да ја добиеме во наредните години, изиграјте го првиот дел, направете си една прекрасна Фантастична носталгија!