Долго бараната карактеристика конечно доаѓа во Cyberpunk 2077 бидејќи CD Projekt Red потврди дека ќе биде додаден метро систем во играта во ажурирањето на верзија 2.1. Соопштението дојде за време на еден стрим кој што беше направен денес од CD Projekt Red.
Овој нов метро систем, познат како Night City Area Rapid Transit (NCART), ќе има пет метро линии. Користејќи го, играчите ќе можат да патуваат помеѓу 19 локации кои можат да се користат или за брзо патување или за традиционално возење со метро.
“Well, the metro was not in our plans for a long time. However, over time we’ve revisited out plan and with the Ultimate Edition on the horizon, we’ve decided that it actually could be achievable.”
Изјава од CD Projekt Red
Метро Системот ќе биде достапен за играчите по Konpeki Plaza делот од играта каде играчите ќе добијат телефонски повик од директорот на метрото. Покрај системот на метро, следното ажурирање Cyberpunk 2077 ќе додаде можност за носење радио и слушање станици од каде било во играта, како и трки со автомобили што може да се репродуцираат и многу повеќе.
Ажурирањето 2.1 со метро системот NCART ќе биде достапно на 5 декември.