Baldur’s Gate III Официјално Излегува од Early Access во Август и добива PS5 Верзија

Долгоочекуваната Baldur’s Gate 3 конечноима конечен датум на објавување: 31 август 2023 година. Доаѓа и на PlayStation 5, како и нормално на PC. Иако на PC веќе од 2020 година е во Early Access.

Тоа е нешто помалку од три години откако првпат се појави на Steam Early Access и не помалку од 23 години по Baldur’s Gate 2! Дали знаете колку се 23 години чекање за нова верзија?! Иако играта секогаш си имала многу ажурирања и додавања, сепак се работи за некој ненормално голем период од една во друга верзија.

Добивме нов поглед на играта за време на најновиот Sony State of Play, кое исто така откри нов антагонист: некроманцер кој го играа еден од најлегендарните актери кој се појавува во Whiplash & Spider-Man – JK Simmons! Лудница!

Други додатоци прикажани во овој трејлер вклучуваат CO-OP за двајца играчи на PS5 или онлајн со четири играчи.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

IKEA штотуку го претстави BRÄNNBOLL, целосно нова колекција на мебел наменета за гејмерите. Ова е разновиден опсег кој вклучува дваесет нови видови на мебел, од кои сите се дизајнирани да ги поддржуваат гејмерите на различни начини. Претежно е центрирано околу столици, но има и решенија за складирање, корпи, маси и странични маси кои влегуваат во колекцијата.

Гејмингот стана мејнстрим за сите

Во блог пост објавен на веб-страницата на IKEA, беше наведена основната желба за палетата BRÄNNBOLL:

With BRÄNNBOLL, we are embracing the idea that gaming is for everyone and belongs everywhere in the home. It’s about making it simple for people to create spaces that adapt to gaming, living, and everything in between. We hope this collection will encourage friends and families to engage together, bringing joy and connection through shared gaming experiences.

Во колекцијата BRÄNNBOLL има неколку врвни предмети, вклучително и тепихче, но и подлога за маус, но поголемиот дел од комплетот е составен од предмети за мебел. Со оглед на тоа што е дизајниран да се издвојува од елементите на „традиционалниот дизајн на игри“ што ги знаеме толку добро, BRÄNNBOLL, на почетокот, не е најочигледниот опсег за гејмерите. Се вели дека може да се пофали со „разигран, уникатен изглед“ кој може – понекогаш – „физички да го ангажира играчот“.