Avatar: Frontiers of Pandora на Ubisoft е одложена

Avatar: Frontiers of Pandora, филмското поврзување на Ubisoft од развивачот на The Division, Massive Entertainment, е одложено. Не многу али секогаш е лошо кога нешто ќе се одложи.

Играта сега ќе излезе во „2023-24“, потврдија попладнево Ubisoft, како дел од својот прв квартал од финансиските резултати за 2022 година. Ова навидум значи враќање назад кон следната финансиска година на издавачот, што значи дека нема да го видиме Avatar сега дури по 31 март 2023 година.

Ubisoft претходно ја подготви играта за лансирање подоцна оваа година, веројатно заедно со пристигнувањето на многу одложеното, иако не многу очекуваното продолжение на филмот „Avatar 2“ на Џејмс Камерон, „The Way of Water“, кој ќе се појави во кината на 16-ти декември.

Уште три филмски продолженија се исто така на мапа, за прикажување до декември 2028 година… Ќе не убијат наредниве неколку години со тие филмови, но сите знаеме дека ќе направат милијарда спин-офи кои ќе бидат серии, анимирани, стрипови, книги и многу други глупости. Подобро кажано Џејмс џабе е толку бесен за новите филмови, ќе го утепаат.

МАРКЕТИНГ

Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 15 ноември, кога 16-те најдобри гејмери од Македонија ќе се соочат на националното Red Bull Wings Cup финале, со една цел: да ја освојат националната титула и да нè претставуваат на светското финале во Мајами.

Патот до националното финале започна во октомври, 2026, со отворањето на пријавите за Универзитетската и Отворената лига, а за само неколку недели, натпреварувањето собра 739 регистрирани играчи од цела Македонија, кои одиграа повеќе од 690+ EA SPORTS FC™ 27 натпревари. Квалификациската трка освен онлајн, се одвиваше и во четири градови, опфати четири универзитети и осум факултети, а сега најуспешните 16 играчи од двете лиги се подготвени за последниот предизвик пред светското финале во САД.

Но, националното финале носи и поинакво гејминг искуство, бидејќи на 15 ноември, со почеток од 18 часот, Cineplexx во Skopje City Mall ќе се претвори во гејминг арена, каде што финалистите ќе ги одиграат решавачките натпревари пред публика, на големото платно. Најдобриот играч ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде што ќе се сретне со најдобрите гејмери од 80 земји ширум светот и ќе ги покаже своите фудбалски вештини и надвор од виртуелниот терен, преку реални фудбалски предизвици.

View this post on Instagram

A post shared by Red Bull Македонија 🇲🇰 (@redbullmakedonija)

Националното финале ќе биде можност публиката одблизу да ја проследи цела EA SPORTS FC™ 27 акција, да ги поддржи Red Bull Wings Cup финалистите и да дознае кој од нив ќе нè претставува на светскота сцена следната година.

Сите љубители на фудбалот и гејминг фанатици се добредојдени на 15 ноември во 18 часот во Cineplexx, Skopje City Mall да ја проследат акцијата и да бидат дел од атмосферата.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!