Red Dead Redemption доаѓа на Nintendo Switch и PlayStation 4

Red Dead Redemption и додатокот за зомби верзијата Undead Nightmare доаѓаат на PlayStation 4 и Nintendo Switch на 17 август, објавија Rockstar.

Вестерн авантурата на Rockstar од 2010 година, која беше лансирана само на PlayStation 3 и Xbox 360, за кратко ќе добие портови на PS4 и Switch од девелоперите од Англија – Double Eleven Studios, со поддржана компатибилност со PlayStation 5, што е прилично предобро.

Портањето на играта не е ремастер или римејк, туку „конверзија“, според Rockstar, и вклучува новоподдржани јазици како што се поедноставен и традиционален кинески, корејски, полски, бразилски португалски, руски и латиноамерикански шпански. Играта ќе чини 49,99 долари на Nintendo Switch eShop и PlayStation Store, а физичките верзии пристигнуваат на 13 октомври. За тоа ќе почекаме малку.

Rockstar за жал не спомнаа дали ќе има верзии за PC или XBOX. Red Dead Redemption е веќе достапна на модерните Xbox конзоли преку бекврдс компатамбилност со оригиналната верзија на Xbox 360. Сепак, недостатокот на верзија за PC, која Rockstar никогаш официјално не ја објави, сигурно ќе предизвика разочарување.

Red Dead Redemption ја претставува ѕвездата на серијата Џон Марстон додека патува низ Дивиот Амерички запад дополнително и Мексико за да ги пронајде последните преостанати членови на озлогласената банда Van der Linde. Настаните од Red Dead Redemption 2 од 2018 година директно водат во приказната за неговиот претходник. За тие што можеби не знаат, Red Dead Redemption 2 е Приквел!

Red Dead Redemption на Nintendo Switch и PS4 го вклучува и Undead Nightmare, експанзијата на приказната во која се гледа дека Марстон се бори да ја преживее хордата на зомбиња.

МАРКЕТИНГ

Овој четврток, Fortnite го објави првото ажурирање на мини-сезоната One Piece, со кое беа претставени нови ликови, визуелни елементи и предмети. Лицата кои објавуваат протечени информации ги пребаруваа датотеките на играта во надеж дека ќе пронајдат интересни информации за претстојната содржина или повеќе детали за добивањето на токенот Pirate Shop Access. Наместо тоа, наишле на особено интересна шифрирана датотека за придружник во Fortnite, чиј опис одговарал на лик од Шрек.

Неколку доверливи извори на протечени информации, како ShiinaBR, HYPEX и Blortzen, објавија детали за мистериозниот придружник. Од нивните информации може да се заклучи дека станува збор за крзнено суштество кое оди на две нозе, има мустаќи и пердуви, како и варијанта со меч и шешир. Крзното и пердувите можеби звучат како чудна комбинација, но ако претпоставиме дека пердувот е поставен на неговиот шешир, како кај вистински мускетар, тогаш тоа има смисла. Ако се земат предвид сите овие информации, кој друг би можел да биде освен единствениот и неповторлив Мачорот во чизми? О, ликот доаѓа и со соодветни патики, кои веројатно се пар чизми.

Се чини дека Fortnite ќе соработува со серијалот Puss in Boots на DreamWorks, спин-оф франшиза фокусирана на бестрашниот портокалов мачор кој им се придружи на Шрек и Магарето во Shrek 2. Според ShiinaBR, вториот изглед во шифрираните датотеки наликува на Смртта, волкот кој го прогонува Мачорот откако тој ќе потроши премногу од своите девет животи во Puss in Boots: The Last Wish.

Оваа соработка остава многу простор за проширување. Кралството Далеку, далеку и мочуриштето на Шрек имаат десетици ликови кои би можеле да најдат место во Fortnite. Змејската сопруга на Магарето би била совршен едрилица – таа е многу покул од змејот Frostwing! Кочијата од кромид би можела да се претвори во некаков вид возило. Магарето, Меденковецот и Трите слепи глувци би биле совршени придружници.

Шрек е една од најпопуларните франшизи на DreamWorks, но оваа соработка би можела да ги отвори вратите и за многу други партнерства. DreamWorks има широк избор на омилени серии како Madagascar, Kung Fu Panda и How to Train Your Dragon, кои сигурно би биле хит меѓу играчите на Fortnite.

Ако овие изгледи се шифрирани, тоа значи дека тие веќе постојат некаде во датотеките на играта. Наскоро би можел да пристигне и тизер. Засега, Epic Games веројатно сака играчите да се фокусираат на козметичките додатоци од One Piece достапни во продавницата или на собирањето ковчези за да го добијат токенот Pirate Shop Access.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!