Ubisoft одново ќе ја претстави Skull & Bones следниот месец

Гласините велат дека долгоочекуваната (или не) пиратска игра на Ubisoft, Skull & Bones, ќе биде официјално откриена следниот месец заедно со датумот на објавување. Односно ќе и се случи RE-REVEAL на играта што звучи многу глупо, но тоа е кога првото претставување излезе ужасно лошо!

TryHardGuides.com верува дека издавачот има планови да ја прикаже играта некаде во неделата што започнува на 4-ти јули, наведувајќи дека наскоро може да добиеме датум на објавување и повеќе детали за тоа што подразбира играта.

“Details on what will be revealed are vague, but it’s understood that Ubisoft will finally confirm a release date for the long-awaited title, officially reveal gameplay, and share some other additional details.”

Извадок од сајтот

Првично откриена на E3 2017, Skull & Bones – кој го развива Ubisoft Singapore – првично требаше да биде објавена на Xbox, PS4 и PC некаде следната година. Сепак, сега е предмет на две официјални одложувања, еднаш во 2018 година и друго во 2019 година. Потоа, минатото лето (Q2 2021), дознавме дека пиратската игра сега се очекува да започне во одреден момент во текот на финансиската година 2022-2023 – која завршува во март 2023 година.

Дознавме дека Skull & Bones интензивно се преработуваат со елементи во живо пред околу осумнаесет месеци, а сега беше планирано да се прикажува упорен свет и променлива екипа на карактери и потраги и поголем фокус на ко-оп игра.

Портпаролот на Ubisoft изјави за печатот дека ова е „лична одлука на Ив Гилемот, која тој ја зел со оглед на тоа дека компанијата не ги постигнала финансиските цели што јавно ги соопштила на пазарите“.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 15 ноември, кога 16-те најдобри гејмери од Македонија ќе се соочат на националното Red Bull Wings Cup финале, со една цел: да ја освојат националната титула и да нè претставуваат на светското финале во Мајами.

Патот до националното финале започна во октомври, 2026, со отворањето на пријавите за Универзитетската и Отворената лига, а за само неколку недели, натпреварувањето собра 739 регистрирани играчи од цела Македонија, кои одиграа повеќе од 690+ EA SPORTS FC™ 27 натпревари. Квалификациската трка освен онлајн, се одвиваше и во четири градови, опфати четири универзитети и осум факултети, а сега најуспешните 16 играчи од двете лиги се подготвени за последниот предизвик пред светското финале во САД.

Но, националното финале носи и поинакво гејминг искуство, бидејќи на 15 ноември, со почеток од 18 часот, Cineplexx во Skopje City Mall ќе се претвори во гејминг арена, каде што финалистите ќе ги одиграат решавачките натпревари пред публика, на големото платно. Најдобриот играч ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде што ќе се сретне со најдобрите гејмери од 80 земји ширум светот и ќе ги покаже своите фудбалски вештини и надвор од виртуелниот терен, преку реални фудбалски предизвици.

View this post on Instagram

A post shared by Red Bull Македонија 🇲🇰 (@redbullmakedonija)

Националното финале ќе биде можност публиката одблизу да ја проследи цела EA SPORTS FC™ 27 акција, да ги поддржи Red Bull Wings Cup финалистите и да дознае кој од нив ќе нè претставува на светскота сцена следната година.

Сите љубители на фудбалот и гејминг фанатици се добредојдени на 15 ноември во 18 часот во Cineplexx, Skopje City Mall да ја проследат акцијата и да бидат дел од атмосферата.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!