Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Штотуку беше потврдено кој ќе го игра најголемиот дел од групата пријатели на Аби во The Last of Us за втората сезона која треба да ја видиме во 2025 година. Во моментов, снимањето за сезоната е започнато и најголемите улоги кои се снимаат моментално се со Педро Паскал и Бела Ремзи. Последни информации што знаеме за сниањето е дека се одвива во Канада. Денес, ликовите на Мани, Мел, Овен и Нора беа потврдени дека се избрани.

Ако сте ја играле The Last of Us Part II, ќе знаете точно кои се Нора, Мани, Овен и Мел. Тие играат прилично важни споредни улоги во играта од 2020 година, иако нивното место во втората сезона од серијата допрва треба да се преполни.

Еве го неодамна откриениот кастинг:

  • Manny – Danny Ramirez (Top Gun: Maverick)
  • Mel – Ariela Barer (Marvel’s Runaways)
  • Nora – Tati Gabrielle (Uncharted)
  • Owen – Spencer Lord (Riverdale)