Final Fantasy е една од оние франшизи кои имаат долга историја. Последен голем наслов добивме во 2016-та година со излегувањето на Final Fantasy XV која како и сите свои претходници помалку или повеќе доживеа успех. Воопшто не беше за сомневање дали франшизата ќе застане таму, па така денеска го добивме и првиот подолг трејлер за новата игра во низата, Final Fantasy XVI!
Поради некоја причина трејлерот има Age Restriction…
Овој пат играта нè носи во светот Valisthea, свет кој 1500 години е опседнат од чума која го ништи животот на земјата и ја остава во мрак. Единствена надеж за преживување ја даваат огромни кристали наречени Mothercrystals, кои даваат благослов без кој животот би згаснал. На светот доминантни се шест фракции, The Grand Duchy of Rosaria, The Holy Empire of Sanbreque, The Dhalmekian Republic, The Iron Kingdom, The Crystalline Dominion и The Kingdom of Waloed. Секоја од фракциите е со специфичен дизајн, политика и идеја за тоа која треба да доминира во светот. Главен лик во приказната е младиот Clive Rosfield кој потекнува од Rosaria.
Who shall claim their fading light? From a single spark, will the land ignite A new shadow rises to fall upon the Dominants, painting their destinies black as night.
Иако Final Fantasy XVI може да биде многу очекуван наслов за многумина, тоа во никој случај не е единствената Final Fantasy игра што Square Enix ја има во работа. Дополнително, вториот дел од трилогијата за Final Fantasy VII Remake, насловен како Rebirth, треба да започне „следната зима“. И во блиска иднина, новиот римастер Crisis Core: Final Fantasy VII Reunion ќе биде објавен подоцна оваа година во декември. Накратко, фановите на Final Fantasy имаат многу да очекуваат во наредната година бидејќи серијата дефинитивно влезе во ренесанса.
Во моментов, Final Fantasy XVI нема специфичен датум на издавање, но е подготвен да започне во одреден момент во летото 2023 година. Кога ќе пристигне, ќе биде ексклузивен за PlayStation 5. Се чини дека ќе дојде и верзија за компјутер на играта исто така, но Square Enix допрва треба официјално да објави издание за оваа платформа.