WARHAMMER 40.000 – Прв Дел: Приказната на Играта

Warhammer 40.000, до сега без конкуренција најголемата и најпозната Miniatures Wargame што некогаш била направена. Имајќи го предвид фактот дека играта датира од 1987-ма година и сè уште е активна, зборува многу.

Е сега се поставува многу логичното прашање, што е тоа што ја прави оваа игра толку уникатна и толку добра па успева да постои веќе 35 години? Одговорот на тоа прашање е повеќеслоен и ќе се обидам да го одговорам на најдобар можен начин. На кратко можеби можам да споменам, приказната, моделите како и самиот gameplay, целокупното меѓународно community како и ангажираноста на Games Workshop да ја одржува играта во живот, е она што прави Warhammer 40.000 да е и ден денеска најпопуларната Miniatures Wargame на сите времиња. Во овој текст ќе се осврнам општо на самата приказна како и краток опис на фракциите во неа. За самиот gameplay ќе зборувам во посебен текст, сепак се работи за многу опширна тема па не сакам да пренатрупам еден текст и со приказната и со gameplay-от. Ок, можеме да си фатиме сè со ред. Спремни? Почнуваме!

“Charge!”

ЗА ПРИКАЗНАТА

Според мене, приказната е најсилниот аспект на играта. Да бидам искрен, сè уште немам видено нешто друго вакво. Дури и кога се обидуваат да ја копираат, сепак WH40K останува уникатна и сите копии се само бледи обиди за достигнување на нивото на уникатност што го поседува. Ако земеме површински да ја разгледаме ќе кажеме дека се работи за научна фантастика, но ако гледаме длабински се работи за нешто многу, многу пософистицирано. GW фантастично успеале да направат спојка помеѓу научната фантастика и епската фантазија, вметнувајќи елементи и од митологија и од хорор. Од литературен аспект земано е многу, земани се аспекти од J.R.R. Tolkien, Michael Moorcock, Frank Herbert, William Gibson, Isaac Asimov, Dan Simmons, H. P. Lovecraft, Robert W. Chambers па дури и Robert E. Howard, и на сето ова додајте и нордиска, хеленска, египетска, азиска митологија, па продолжете да додавате визуелно дизајни и архитектура од антика, готика и барок,за на крај во сета оваа супа да додадете масовна интер-галактичка војна, можеби и ќе добиете слика на тоа како изгледа WH40K. Знам дека ова сè вака натрупано звучи многу, ама тоа е и поентата, WH40K ги напаѓа сите сетила на имагинацијата, се труди да ја турне до максимум, да ве предизвика да одите понатаму во имагинарното. Дефинитивно е продукт на своето време, односно дете на лудите 80-ти години, па така во играта војските освен тоа што користат супер модерни огнени оружја, користат и архаични, како на пример мечеви и секири кои пак самите по себе се технолошки појачани.

It is the 41st Millennium. For more than a hundred centuries The Emperor has sat immobile on the Golden Throne of Earth. He is the Master of Mankind by the will of the gods, and master of a million worlds by the might of his inexhaustible armies. He is a rotting carcass writhing invisibly with power from the Dark Age of Technology. He is the Carrion Lord of the Imperium for whom a thousand souls are sacrificed every day, so that he may never truly die.
Yet even in his deathless state, the Emperor continues his eternal vigilance. Mighty battlefleets cross the daemon-infested miasma of the Warp, the only route between distant stars, their way lit by the Astronomican, the psychic manifestation of the Emperor’s will. Vast armies give battle in his name on uncounted worlds. Greatest amongst his soldiers are the Adeptus Astartes, the Space Marines, bio-engineered super-warriors. Their comrades in arms are legion: the Imperial Guard and countless planetary defence forces, the ever vigilant Inquisition and the tech-priests of the Adeptus Mechanicus to name only a few. But for all their multitudes, they are barely enough to hold off the ever-present threat from aliens, heretics, mutants – and worse.
To be a man in such times is to be one amongst untold billions. It is to live in the cruelest and most bloody regime imaginable. These are the tales of those times. Forget the power of technology and science, for so much has been forgotten, never to be re-learned. Forget the promise of progress and understanding, for in the grim dark future there is only war. There is no peace amongst the stars, only an eternity of carnage and slaughter, and the laughter of thirsting gods.

The God-Emperor, sitting on The Golden Throne of Holy Terra.

41-виот милениум, мрачен период во историјата на Млечниот Пат. Луѓето се борат за опстанок, како против вонземски раси, така и против самите себе, но и против нешта кои се косат со сите закони на реалноста, нешта за кои логиката вели дека не треба да постојат, а сепак, тука се. Во мракот на 41-виот милениум постои само војна! Ова е главната премиса на приказната на играта. Мрачна, нескротлива, сурова, непростива реалност во која секој ден претставува борба за преживување. Има една работа што е многу интересна и специфична, а тоа е постоењето на две реалности, Materium, односно нашиот материјален универзум, и Immaterium, или како што уште се нарекува The Warp. Ова е реалност во која не постојат законите на физиката, не постои материја како во нашиот универзум. The Warp е реалност која е сочинета од енергија, мисла и емоции, и целиот когнитивен сплет на интелигентните раси во нашиот универзум дирекно влија е врз содржината на The Warp. Она што е уште поинтересно за оваа реалност е тоа што не е ненаселена, баш напротив, преполнета е со малициозни суштества кои се создадени од чиста мисловна енергија, популарно наречени Daemons. За жал, со The Warp владеат силите на Хаосот. Четири daemons се истакнуваат од сите други и се толку јаки што веќе се сметаат за богови. Тоа се Khorne God of Slaughter, Nurgle God of Pestilence, Tzeench God of Change и Slaanesh God/ess of Excess. Низ Warp-от може и да се патува, и бидејќи законите на физиката и материјалното не важат таму можно е брз транспорт од еден крај на галаксијата до друг, секако ако се знае патот низ Imaterium-от, кој е постојано во движење, постојано се менува и сите бродови кои влегуваат во него се под константен напад на daemons. Луѓето откриле технологија со која на вселенските бродови имаат поставено заштитни механизми кои се нарекуваат Gellar Fields, чија цел е комплетна заштита на екипажот на бродот од деструктивните сили кои владеат во Warp-от. Оваа нематеријална реалност е исто така изворот кој psykers го користат за манифестирање на своите натприродни моќи кои најчесто се нарекуваат sorcery.

Imperial ship passing trough The Warp.

THE IMPERIUM OF MAN

The Imperium of Man е главната и најголема фракција во оваа приказна и скоро сите раскази и новели главно револвираат околу неа. Распространета низ сите делови на галаксијата, со Империјата владеат две тела. На прво место е The Emperor, човек кој во многу делови од своето царство е венериран како бог поради неговите екстремно високи psychic способности за кои се верува дека никогаш пред, но и по него не постоел толку моќен psyker во галаксијата. Во моменталниот период на приказната The Emperor седи на The Golden Throne of Holy Terra, ни жив, ни мртов. Одржувани се само најосновните витални функции за да може мозокот да му е сè уште жив, додека умот и те како му е активен во The Warp. Второто тело кое владее со Империјата се така-наречените High Lords of Terra. Индивидуи со неверојатна моќ и влијание кои не одговараат пред никој друг освен самите себе… и The Emperor, секако… и кои практично владеат со целата Империја во сите можни аспекти. Од воен аспект Империјата има неколку воени структури.

Први и најпознати секако се Adeptus Astartes, односно Space Marines! Супер-воини чија креација е екстремно тешка, уште од најмала возраст се подложни на многу мутации и операции, им се имплантираат екстра органи кои ги прават многу посилни, поиздржливи и поголеми од обичните луѓе. Space Marines се поделени на илјадници под-фракции наречени Chapters, а нивниот живот целосно е посветен на војување. Овие воини-монаси, опремени со најдоброто оружје и механизација уште ги нарекуваат и The Emperor’s Finest Warriors!

They shall be my finest warriors, these men who give themselves to me. Like clay I shall mould them and in the furnace of war forge them. They will be of iron will and steely muscle. In great armour shall I clad them and with the mightiest guns will they be armed. They will be untouched by plague or disease, no sickness will blight them. They will have tactics, strategies and machines such that no foe can best them in battle. They are my bulwark against the Terror. They are the Defenders of Humanity. They are my Space Marines and they shall know no fear.

The Emperor of Mankind.
Space Marines, Black Templars Chapter.

Astra Militarum, или Imperial Guard е регуларната војска на Империјата, ја сочинуваат обични луѓе, милијарди мажи и жени кои секојдневно го даваат животот за човештвото. Поделени на стотици Regiments, секој со свои специфични одлики, доктрини и начини на војување, Astra Millitarum е најголемата кохерентна воена формација во галаксијата. Познати уште и како “Hammer of the Emperor”, за разлика од Adeptus Astartes кои пак уште се познати познати и како “Scalpel of the Emperor.”

Astra Militarum soldiers in action, Cadian Regiment.

The Inquisition е третата воена формација која воедно функционира и како чувар на духовниот мир и стабилност во Империјата. Нејзина задача е пронаоѓање како на надворешни закани така и на внатрешни, односно справување со вонземјански закани, справување со ерес и справување со демонски влијанија. Главна восјка на The Inquisition се Adepta Sororitas, односно The Sisters of Battle. Целосно сочинувана од жени и поделени на Одреди, ова е војска на религиозни фанатици кои го сметаат The Emperor за бог и кои нема да размислат воопшто дали да го дадат животот во одбрана на Империјата. За мене лично Sisters of Battle се една од најепските фракции во играта.

Saint Celestine and her sisters of The Order of Our Martyred Lady.

Adeptus Custodes се многу мала воена формација. Нивата задача до пред неодамна беше да го штитат The Golden Throne of Holy Terra на кој седи The Emperor, како и самиот он, а и The Imperial Palace of Holy Terra. Меѓутоа неколку главни настани кои се случија во галаксијата ќе ги натераат Custodians да испратат дел од војската вон Сончевиот систем. Тие се најврвното достигнување на The Emperor, најјаката негова креација, биоинженеринг донесен до перфекција, само еден Custodian има моќ која вреди како стотици обични луѓе. Нивниот број е премал но моќта им е неверојатна. Како и повеќето фракции од овој вид во Империјата, така и Custodians се поделени на неколку oдреди наречени Shield-Hosts. Овие demigods се заедно со The Emperor уште од далечниот период кога тој ја обединил Земјата во една нација, една Империја.

Through the artifice of the Martian priesthood were these warriors created. By the grace of the almighty Emperor are they given now to you. Silence your questions and instead rejoice at the honour done to you this day. You are handed the gift of hope by the immortal Master of Mankind Himself, and you will accept it with sincere and solemn gratitude lest you be taken for the traitors that you profess to hate.

Sanash Gallimedan, Emissary Imperatus to the HAMMERS OF DORN CHAPTER
Adeptus Custodes in action, Emissaries Imperatus Shield-Host.

Imperial Knights, или уште познати како Questor Imperialis, се посебна армија која е сочинета од така наречени Knightly Houses. Специфично е што за разлика од средновековните витези, Imperial Knights се армија сочинета од масивни џиновски роботи кои ги контролираат аристократи кои потекнуваат токму од овие Knightly Houses. Главната подебла е на Knightly Houses кои служат на The Imperium of Man и оние кои служат на Adeptus Mechanicus, за кои ќе зборувам подолу.

Imperial Knight of the House Terryn.

Adeptus Mechanicus, или уште познати како The Tech-priests of Mars, се фракција која функционира автономно и независно, а сепак како дел од Империјата. Ова е фракција на научници, инженери и техничари. Нивна примарна цел е да ги снабдуваат армиите на Империумот со сите видови на оружја и машини за војување. Секако имајќи предвид дека се работи за автономна формација во склоп на Империјата, тие поседуваат своја војска која ја сочинуваат киборзи, роботи и разни машини. Интересно е и да се каже дека тие поседуваат своја религија наречена Cult Mechanicus. Нивното верување е во машинскиот-бог The Omnissiah. The Emperor споед Cult Mechanicus e аспект на The Omnissiah.

Skitarii Rangers.

Секако во галаксијата освен луѓето постојат и вонземски раси, кои ќе ги набројам подолу во текстот.

THE XENO RACES

Aeldari, технолошки и спиритуално високо напредна раса во изумирање, сосема по нивна вина. Поделени се на три фракции. Craftworlds кои сè уште се држат до старите исконски традиции на нивната цивилизација која одамна веќе не е толку грандиозна како што била илјадници години пред овој период. Drukhari, односно dark aeldari, фракција која се обидува да преживее со тоа што киднапираат индивидуи од другите раси и ги користат за разни експерименти како и за робови, фракција која опстојува на сметка на страдањата на другите. Harelquins, фракција која сè уште се наклонува на The Laughing God Cegorach и ги следи неговите преданија и учења. Специфичното за оваа раса е што по секоја цена се обидуваат да не умрат, затоа што ако тоа се сличи нивните души веднаш биваат изедени од богот/жицата Slaanesh, чија креација е токму по вина на самите aeldari. Aeldari-те кои сè уште живеат на нивните Craftworlds овој процес го инхибираат со тоа што на себе постојано носат soulstones, па така ако носителот умре неговата душа е веднаш заробена во овие soulstones со што се превенира јадењето на истата од страна на Slaanesh. Ваквите soulstones со aeldar-ски души многу често се користат за пилотирање на воени конструкции наречени Wraith-Hosts. Drukhari, како што напоменав, овој процес го инхибираат со измачување и крадење на душите на своите потчинети робови. Исто така морам да напоменам дека од сите раси на галаксијата, aeldari се најмоќните psykers.

Eldrad Ulthran, Master Farseer of Ulthwe.

Orks. Ова е раса на диви и нескротливи воини. Пробајте да си замислите како би изгледале Uruk-Hai од The Lord of the Rings со зелена кожа и модерни оружја како пушки и пиштоли, па на тоа додадете и воени возила како и вселенски бродови. Од сите можни раси во галаксијата orks се дефинитовно нај-варварски. Два аспекти се многу интересни за нив. Прво се безполови со тоа што физичките карактеристики им се доминатно со машки предиспозиции. Немаат полови органи и се размножуваат асексуално, односно кога еден ork ќе умре од неговото тело се испуштаат спори кои се вгнездуваат во почвата и од секоја спора се раѓа ново нешто, велам ново нешто затоа што во оваа раса има и неколку под-раси, како на пример малите grotz и gretchin кои најдобро можам да ви ги објаснам како goblins, како и дивите суштества наречени squigs. Вториот аспект е што orks имаат способност да кога многу силно и масовно веруваат во нешто тоа се остварува, имаат способност да ја менуваат реалноста, па така на пример еден пиштол кој во суштина е направен од разни делови и реално не функционира, во рацете на еден ork може да пука само затоа што ork-от силно верува во тоа. Orks се исклучиво воинствена раса, тоа е нивната цел, масовно војување без прекин. Поделени се на илјадници кланови кои освен тоа што војуваат со сите други раси војуваат и меѓу самите себе. Нивниот воен извик е “WAAAAAAAAAAGGGGGGGHH!!!!”.

Ork Warboss.

Ta’u Empire е “најмладата” цивилизација во галаксијата кои рапидно ги прошируваат своите граници. Ова е високо напредна цивилизација, особено во технолошка смисла. Користат екстремно моќни орижја за војување од далечина, како и роботи кои ги нарекуваат Battle Suits, пилотирани од посебно тренирани пилоти. Покрај сето ова специфично за нив е што исто така користат stealth технологија, па така нивните Stealth Suits се одлични за герислки начин на војување. Покрај горенаведеното поседуваат и одлична механизација. Општеството во T’au Empire се дели на пет касти, секоја со своја намена. Ethereals е името на кастата која ја предводи оваа цивилизација. Ова се како политички така и духовни водачи кои ја имплементираат филозофијата наречена The Greater Good, која налага дека понекогаш во име на “Општото Добро” мора да бидат донесени тешки одлуки кои навидум се екстремни и драстични, а чии резултат е за доброто на сите. Уште една специфична работа за T’au Emprie е што во неа има и раси кои не припаѓаат на самата T’au раса која сепак доминира. Па така ги среќаваме и Kroot, Vespid, Nicasaar, како и луѓе кои ги нарекуваат Gue’vesa кои се одметнале од The Imperium of Man. Навидум се изгледа супер во T’au Empire, меѓутоа ако почнете да навлегувате подлабоко во се она што се случува ќе наидете на мрачни тајни кои не се презентираат пред општите народни маси, па така ова ќе доведе до одметничка фракција предводена од Commander Farsight кои се нарекуваат Farsight Enclaves.

Commander Farsight in his Battle Suit.

Tyranids и Genestealers. Иако се работи за две различни армии во самата игра, Tyranids и Genestealers практично припаѓаат на истата раса кои сепак функционираат како два различни ентитети но со иста финална цел. Не само што се работи за вонземски суштества, туку се работи за суштества кои не се ни од Млечниот Пат. Ова е раса која е целосно сочинета од органски инсекто-лики чудовишта кои воопшто немаат технологија каква што ние ја познаваме. Кај Tyranids сè е органско и сè е некаков вид на жив организам, до тој степен да и самите вселенски бродови им се живи левијатани кои во себе носат милијарди и милијарди различни био-форми, секоја со своја специфична намена. Војската им ја сочинуваат нај различни чидовишта, од најмалите спори па се до гинантските Hive Tyrants и Bio-Titans. Како што споменав, се е жив организам, па така и самите оружја им се пушки кои сами по себе се живи организми и испукуваат живи био-проектили. Организирани се во Swarms, а пак низ вселената патуваат во колосални Hive Fleets. Секоја единка во Swarm-от е поврзана со The Hive Mind и комуницираат меѓу себе преку синапси. Genestealers се посебна гранка на Tyranids. Нивна цел е инфилтрирање на други раси и комплетна асимилација на истите. Се инфилтрираат меѓу населението и асимилираат единки кои потоа асимилираат други единки па така се формираат заедници кои се размножуваат со мешање на гени од потчинетата раса и Genestealers, па така во текот на неколку генерации се раѓаат така-наречени Pure Bloods кои продолжуваат со асимилацијата се додека целата планета не биде комплетно асимилирана. Крајната цел на Tyranids е апсорпција на сета био-маса во галаксијата. Ниту најмалиот едноклеточен организам не е поштеден, планетите по инвазија на Tyranids остануваат комплетно исчистени од секаков вид на органска материја. Со Hive Fleets владеат така наречените Norn-Queens, женски монструми кои се во целосна контрола на својот Hive Fleet и секоја единка е потчинета на нивната волја. Исто така, нивна улога е раѓање на нови био-единки, преку апсорпција на био-маса тие асексуално забременуваат и ги инкорпорираат новите гени здобиени од апсорбираната био-маса па раѓаат нови био-форми кои се еволутивно појаки од претходните. Tyranids, а со нив заедно и Genestealers дефинитивно претставуваат огромна закана за буквално сите домородни раси на Млечниот Пат.

Hive Tyrant.

Necrons. Ова е раса која е поларна спротивност на Tyranids. Necrons немаат живи битија во правата смисла на зборот, сите до последната единка се машини. Милијарди и милијарди години во минатото биле органска раса, но серија на трагични настани довеле до тоа да ги заменат своите биолошки тела со механички, одлука за која многу брзо ќе зажалат. Во 41-виот Милениум, Necrons се распространети низ галаксијата и “спијат” под површината на таканаречени гробници-светови. Полека но сигурно почнуваат да се будат, а нивна крајна цел е повторно освојување на териториите кои милениуми претходно биле нивни. Технологијата која ја поседуваат е застрашувачка, најстрашно од се е што нивните тела како и нивните воени машини се направени од таканаречен Living Metal кој може да се регенерира за време на битка преку така наречени Reanimation Protocols. Исто така во телото на секој Necron потои направа за телепортирање која се активира кога телото на воинот ќе биде премногу оштетено, телепортацијата го пренесува Necron-от до најаблиската “гробница” каде поминува извесно време во регенерација. Ова придонесува да самото споменување на нивното име сее терор насекаде, за среќа ова не се случува секогаш, но за жал се случува многу често. Necrons со право се сметаат за една од најсилните раси во галаксијата.

Necron Immortals.

The Leagues of Votann. Да бидам искрен, Leagues of Votann се раса која можеме но и не мора да ја ставиме во оваа групација, затоа што потекнуваат од човековата раса, меѓутоа долгите години изолација и живот до близината на јадрото на Млечниот Пат каде примарно се занимаваат со копање на руда и минерали од планети богати со овие ресурси, придонеле да генетскиот код на оваа раса стане доста различен од човечкиот. Некои ги нарекуваат Space Dwarfs, некои пак ги нарекуваат Squats, иако ова име го сваќаат како навреда, себе си се нарекуваат Kin. Ниски, крупни и екстремно издржливи, Leagues of Votann се најновата фракција во играта, иако во почетоците на самата игра оваа фракција постоела под горенаведеното име, Squats. Games Workshop решаваат да прекинат со производство на модели и правила за оваа фракција, за оваа година повторно да ги внесат во играта со нова надоградена приказна и сосема нови модели. Опремени со најразлични оружја кои се високо-технолошки, овие “џуџиња” се и те како јаки непријатели на секој противник.

Leagues of Votann Hearthkyn Warrior.

THE FORCES OF CHAOS

Силите на Хаосот се анти-тежата на The Imperium of Man, и најголем дел од приказните токму револвираат околу борбата помеѓу овие две големи фракции. Најчесто сочинети од луѓе кои се одметнале од Империјата и кои целосно се препуштиле на служење на мрачните богови на Хаосот, за кои споменав дека “живеат” во Warp-от.

Chaos Space Marines, The Traitors, The Heretic Astartes, се најпознатата фракција во овој сегмент. Сочинети токму од одметнати Space Marines чија целосна посветеност е служење на мрачните планови на боговите на Хаосот. Поделени се на илјадници Warbands, само да се погледне еден Chaos Space Marine е доволно да ви застане срцето од страв. Немилосрдни, брутални, крволочни, постојано во потрага по нови војувања и освојувања. Во нивната армија исто така можеме да најдеме и милиони, милиони култисти, обични луѓе кои исто така слижат на мрачните богови. Арсеналот им е скоро идентичен како и на лојалните Astartes со таа разлика што кај Heretic Astartes имаме многу јако влијание и присуство на демонски сили кои влијаат како појачување преку опседнување како на оружјата и машините за војување, така и на самите Chaos Space Marines и нивните култисти. Брутални мутации и малформации кои одлично ја отсликуваат хаотичната состојба на нивните продадени души се честа појава. Најчесто својот оклоп и оружја ги декорираат со одрани кожи, отсечени глави и органи како и черепи од нивните жртви, боцки, рогови, и демонски симболи се исто така неминовен сегмент на нивното декорирање.

Chaos Space Marines, Black Legion.

Chaos Knights се поранешни Knightly Houses кои исто така се одметнале од The Imperium of Man и се одале на служење на Хаосот. Најчесто служат како подршка на трупите на Heretic Astartes, но многу често функционираат и како независни воени формации кои шират терор и уништување каде и да се појават.

Chaos Knight in action!

The Daemons of Chaos. Секој од четирите богови си има свои посебни демони кои се екстензија од самиот бог. Тие од Warp-от не можат сами по себе да навлезат во материјалниот универзум, па така еретиците најчесто ги повикуваат овие мрачни ентитети преку грозоморни ритуали и принесување на жртви. Каде и да се појават оставаат пустош позади себе. Да се погледне во дури и најслабиот daemon е да се гледа во нешто кое се коси со сите правила на постоење и кое го мати разумот и свеста. Најчесто фунцкионираат како мешани воени формации заедно со Chaos Space Marines, но може да се сретнат и во независни чети.

Daemons of Khorne.

Хаосот едноставно сака да гледа како галаксијата гори.

Butcher your enemy’s warriors without mercy. Crush his armies and leave none alive. But do not stop there. Burn his cities. Bomb his worlds from orbit. Slaughter everything and everyone until he kneels in the ashes of those he sought to protect. Only then will he understand the true fury of the Dark Gods!

Haakor of the Black Legion

Се надевам дека успеав да го задржам вашето внимание со ова мое обемно излагање. Се обидов да ви ги доловам фракциите на најкраток можен начин. Како што гледате приказната на Warhammer 40.000 е обемна и потребно е премногу време за да се раскаже подетално.

Во моето наредно излагање ќе се осврнам на самиот gameplay на играта, кои се фазите, како се движат моделите по поле, како напаѓаат, кои се потребните реквизити за играње освен самите модели и така натаму.

За крај, ќе ве поздравам со, may The Emperor always guide you!

МАРКЕТИНГ

About The Author

Во новиот блог пост, PlayStation објави дека планираат да додаде компјутерска поддршка за уредот PSVR2 некаде во 2024 година.

Компанијата соопшти дека „во моментов ја тестираме способноста на игрите на PSVR2 да пристапат до дополнителни игри на компјутер“.

Бидејќи овие планови сè уште се во фаза на тестирање, фановите може да очекуваат поддршката за компјутер да пристигне подоцна во текот на годината.

Сепак, ова е само шпекулација. PlayStation не откри точен датум на објавување. Но, компанијата потврди дека „се надеваме дека ќе ја направиме оваа поддршка достапна во 2024 година“.

PlayStation VR

Уредот PSVR2 првпат беше објавен минатата година, со повеќе од триесет игри на лансирање. Ова вклучуваше тринаесет сосема нови наслови. Сепак, VR просторот продолжува да се шири. PlayStation VR2 сепак би можел да користи поширок избор на игри, а поддршката за компјутер дефинитивно би била голем скок напред.

Фановите веќе шпекулираат за некои од потенцијалните компјутерски игри кои би имале корист од овој пристап. Но, PlayStation не елаборираше колку ќе биде обемна поддршката. Apple Vision Pro објавен претходно овој месец, на различни критики. Некои корисници, меѓу другото, не беа задоволни од неговата тежина.

Значи, PSVR2 веројатно има еден конкурент помалку таму. Иако, сè уште има разговори дека Xbox би можел да инвестира во рачен уред некогаш во иднина. Засега, Мајкрософт неодамна објави дека работи на „моќна“ конзола од следната генерација.

Џим Рајан, кој ќе се повлече од функцијата извршен директор во Sony Interactive Entertainment следниот месец, неодамна ги наведе своите најдобри PlayStation игри од секоја генерација.

Се надеваме дека PSVR2 наскоро ќе има можност да вклучи повеќе свои класици со поддршка за компјутер оваа година.