Новото ажурирање на Genshin Impact “Two World Aflame, The Crimson Night Fades” пристигнува на 24ти април

Во нов блог пост денес, PlayStation објави дека очекуваното ажурирање на Genshin Impact верзија 4.6 „Two Worlds Flame, the Crimson Night Fades“ ќе биде објавено на 24 април. Ова ќе биде огромно ажурирање, воведувајќи сосема нова област за откривање, како и централниот нов лик Arlecchino. Изненадувачки, „The Knave“ Arlecchino ќе служи како „член на тимот што може да се регрутира и како застрашувачки неделен бос за тепање“.

Денешната објава открива дека специјалната механика на на Arlecchino е Bond of Life. Ова е напад што се наметнува на непријателот и не му дозволува да може да прави регенерација, додека непријателот не ги исполни соодветните услови. Новата област ќе биде Sea of Bygone Eras and Remuria, изгубеното кралство на длабоките води. Нејзиниот крал, Remus, составил симфонија што играчите можат да ја користат за повторно активирање на древните уреди. За среќа, девелоперите објавија и трејлер во кој се раскажуваат некои приказни.

Што добиваме во новото ажурирање?

Two Worlds Aflame, Crimson Night Fades ќе додаде и музичка турнеја на Genshin Impact, „организирана од Arataki Itto и Dvorak“ (карактери од играта). Играчите можат да заработат нов инструмент Nightwind Horn со „свирење на различни инструменти по волја, собирање предмети и обновување на мелодиите“.

Датумот на објавување пристигна прилично блиску до лансирањето, но можеби на девелоперите им требало малку повеќе време за да бидат сигурни за нешто конкретно. На крајот на краиштата, тоа е невообичаено големо ажурирање, помеѓу Arlecchino и Remuria. Некои фанови можеби ќе бидат разочарани од познатата подводна тема на Remuria, но јасно е дека девелоперите вложиле многу размислување во науката. Исто така, претставувањето на Arlecchino во двојна улога е дефинитивно нов пресврт за играта.

Верзијата 4.6 докажува дека Genshin Impact има многу простор за проширување на неодредено време и задржување на долгогодишни играчи со креативни додатоци.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!