Игрите на Blizzard доаѓаат на Steam

Blizzard само што споделија со сите нас дека наскоро ќе ја донесе Overwatch 2 на Steam на 10-ти август годинава. Еволуцијата на бесплатна игра на оригиналната Overwatch (кој никогаш не беше на Steam) ќе поддржува играта да има Cross-Platform и други функции понудени од верзијата на играта преку Battle.net. Верзијата на Battle.net не оди никаде, и сепак ќе ви треба акаунт на Blizzard поврзан со играта, дури и ако сакате да играте на Steam, па не планирајте да се ослободите од тоа наскоро ако планирате да играте преку Steam на 10 август.

Overwatch 2 веќе има cross-progression помеѓу различни платформи, па ако игравте на ПЦ преку Battle.net, префрлањето на Steam не треба да биде проблем. Ова издание, исто така, доаѓа не многу пред лансирањето на Overwatch 2: Invasion, следното големо ажурирање на играта што треба да додаде нов херој и многу повеќе.

За оние кои се прашуваат што може да значи потфатот на Overwatch 2 на Steam за Battle.net генерално, во соопштението на Blizzard се вели дека „се обврза постојано да инвестира и да го поддржува Battle.net“. Mike Ybarra, претседателот на Blizzard, рече истото во подготвената изјава во која се вели дека Battle.net останува приоритет.

“It’s our goal at Blizzard to listen to players and try to exceed their expectations in everything we do. While Battle.net remains a priority for us now and into the future, we’ve heard players want the choice of Steam for a selection of our games, starting with Overwatch 2 on August 10th. We’re happy to work with Valve to make that happen.”

Изјава од Mike Ybarra за медиумите

Исто така, вреди да се истакне дека Overwatch 2 не е крај на плановите на Blizzard за Steam. Ова е само почеток… Blizzard во соопштението изјавија дека планираат „да се донесе избор“ од игрите на издавачот на Steam и кажаа дека играта е „совршен наслов за дебито на Blizzard на платформата“. Blizzard изјави дека ќе споделуваат повеќе вести за други игри кои доаѓаат на Steam „кога ќе биде вистинското време“.

МАРКЕТИНГ

Еве еден интересен факт: од сега па сè до 2029 година, OpenAI контролира 40 отсто од светското производство на динамичка меморија со случаен пристап (DRAM), која се користи во мобилните телефони, конзолите за видеоигри и системите за вештачка интелигенција. Така, компанијата зад ChatGPT е една од главните причини поради кои сега треба да платите 650 долари за PS5 и поради кои речиси никој не може да си дозволи да состави нов гејминг-компјутер. Сепак, извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, некако смета дека овој процент не е доволен.

Според Алтман, сите ние – обичните луѓе, заедно со неговата компанија вредна 852 милијарди долари – имаме заеднички интерес. Во неформално интервју за YouTube-каналот Cheeky Pint, Алтман објасни дека светот веќе има ограничени капацитети за производство на силициум.

„Од гледна точка на глобалната распределба, всушност е прилично ужасно што сите имаат големи количини од ограничените светски резерви на DRAM меморија во своите компјутери, а таа се користи само пет отсто од времето.“

Алтман тврди дека, со оглед на постојните ограничувања, би било покорисно DRAM меморијата што луѓето ја имаат во своите електронски уреди да се користи за напојување на дата-центрите. На тој начин, сите би можеле да ја искористат вкупната компјутерска моќ.

„Ако се обидувате да се справите со средина во која понудата е многу ограничена, сакате максимална искористеност на капацитетите во облакот. А некако, интуицијата на луѓето е токму спротивна од тоа“, рече Алтман.

Од ChatGPT до PS5

Аргументот на Алтман, кој погодно ја заобиколува улогата на OpenAI во создавањето на проблемот со недостигот на меморија, наиде на неверување кај коментаторите и корисниците на YouTube. Сепак, Sony се согласува со него, поради што производителот на хардвер планира да ја прекине поддршката за Blu-ray во 2027 година и да произведува само целосно дигитални конзоли PS5.

Додека корисниците откриваат начини за отклучување на хардверот, а вештачката интелигенција го забрзува процесот на создавање игри, компании како Sony имаат дополнителен мотив да создадат средина во која поединечните корисници поседуваат што е можно помалку. Не можете лесно да украдете или да направите реверзно инженерство на нешто што се емитува преку облак, додека компаниите можат да контролираат колку ќе плаќате за пристап до таа содржина. Алтман само го кажува гласно она за што обично се молчи.

Подоцна, Алтман рече дека се надева оти трошоците за енергија, снабдување и производство наскоро ќе се намалат. „Ако не се намалат, ќе бидам многу тажен. Но, за да се намалат, со оглед на тоа колку вредност има во сето ова, понудата мора значително да се зголеми.“

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!