Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Најавено е дека Sony ќе престанат да произведува дискови за нови PlayStation игри од 2028 година. Од јануари 2028 година, Sony повеќе нема да произведува дискови за физички копии за своите PlayStation игри.

„Бидејќи преференциите на потрошувачите и пошироката индустрија за забава продолжуваат да се префрлаат од физички дискови на дигитални, производството на физички дискови за сите нови игри што се објавуваат на конзолите PlayStation ќе биде прекинато почнувајќи од јануари 2028 година. По овој датум, новите игри ќе бидат достапни во PlayStation Store и кај продавачите само во дигитални формати. Оваа транзиција нема влијание врз игрите што веќе се објавени или ќе бидат објавени пред јануари 2028 година во формат на диск.

Ова е природна насока за Sony Interactive Entertainment да се прилагоди на трендовите на потрошувачите, бидејќи општата преференција за дигитални медиуми значително ги надминува физичките дискови. Оваа транзиција ќе ни овозможи поблиску да се усогласиме со тоа како поголемиот дел од нашата заедница претпочита да пристапува и да игра игри денес.

Ќе продолжиме да ги даваме приоритет на нашите ресурси за да ја поттикнеме иновацијата во начинот на кој играчите можат да пристапуваат до игри и да обезбедиме избор за тоа каде играчите претпочитаат да купуваат нови игри, без разлика дали тоа е во продавниците или во PlayStation Store. Остануваме посветени на обезбедување искуство за игри од светска класа за нашите фанови и ви благодариме за вашата континуирана поддршка.

Стои во официјалното соопштение на PlayStation

Најавата доаѓа во време кога PlayStation се подготвува за лансирање на PlayStation 6, што би можело да сугерира дека доколку PS6 излезе во 2028 година, можеби нема да има диск драјв по дифолт.

Претходно, се сугерираше дека PS6 ќе има барем одвојлив диск драјв, како што е со ревизијата на PS5; сепак, во моментов не е јасно дали плановите се промениле.

Веста доаѓа по она што ќе биде едно од најголемите лансирања на видео игри на сите времиња: GTA 6, која ќе дојде со физичка верзија, но без вистински диск. Се чини дека доаѓа крајот на пазарот на физички дискови за игри, што несомнено ќе вознемири многу гејмери.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!