Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

На интернет е забележана нова објава со мебел од IKEA со тема XBOX. Го видовме Xbox како се впушта во многу различни области, вклучувајќи телевизори, услуги за стриминг, автомобили и друго. Сепак, една неочекувана област е декорацијата на домот. Благодарение на соработката со IKEA, играчите сега ќе имаат можност да ја покажат својата љубов кон Xbox седејќи на столчиња со тема по производителот на конзолите додека играат на Series X/S.

Забележано од TheGamer, XBOX и IKEA ја најавија својата соработка на Instagram. Видеото прикажува различни елементи од контролерот на Xbox, вклучувајќи го џојстикот и D-pad-от, пред да прикаже перница со тема Xbox.

Видеото завршува со логоата на XBOX и IKEA, најавувајќи го новото партнерство. Сепак, специфичните детали за тоа што ќе произлезе од оваа соработка сè уште не се откриени.

Обожавателите ја обожаваат идејата за оваа соработка и едвај чекаат да се откријат повеќе информации. Делот за коментари е исполнет со изјави како „соработката за која никогаш не сте знаеле дека ви е потребна“, „Шарлски столчиња со џојстик и кауч со контролер, пријавете ме“, „Немам поим што е ова најавување, но многу сум возбуден да видам што ќе произлезе од тоа“ и друго.

Одбрани играчи наскоро ќе имаат можност лично да го доживеат овој мебел, благодарение на практичното искуство планирано за Gamescom 2026.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!