Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Социјална иницијатива „PlayStation Blackout“ ќе започне утре, но дали акцијата има толку енергија зад себе колку што би требало да биде забележана?

Луѓето што го прават овој бојкот ги повикаа фановите на PlayStation насекаде да се откажат од вклучување на нивните конзоли од 23 до 30 август, барајќи да му покажат на Sony дека сериозно се спротивставуваат на транзицијата кон целосно дигитална иднина.

Сепак, иницијативата #PSBlackout предизвика широки критики поради начинот на кој се справува со неа, а многумина предвидуваат дека нема да направи ништо во пошироката слика.

Дали планирате да ги исклучите вашите PlayStation конзоли за една недела почнувајќи од утре?

Овој бојкот започна на социјалните мрежи пред неколку недели, кога луѓето се спротивставија на одлуката на Sony Interactive Entertainment да престанат да прават физички дискови за PlayStation од јануари 2028 година.

Ги повикуваме играчите на PlayStation да учествуваат во економски и гејминг блокади од недела, 23 август до недела, 30 август. Играчите можат да учествуваат со исклучување на своите конзоли или одјавување во текот на седум дена. Сметаме дека овој период им дава минимално влијание на издавачите и програмерите, а сепак им дава глас на играчите.

Изјава од активистите

Активистичкиот напор предизвика критики од масите од неколку причини. Ќе беше многу поголем чекор ако се случеше за време на претстојното лансирање на Marvel’s Wolverine на Insomniac, или уште поситлно, за време на објавувањето на Grand Theft Auto 6.

Исто така, се одвива за време на неделата на Gamescom, во кое време илјадници гејмери ​​на PlayStation ќе бидат дел на настанот. Во социјалните кругови, се случи неизбежното појавување на отпор, при што некои рекоа дека ќе ги вклучат своите PlayStation уреди подолго или ќе купат повеќе игри во текот на неделата. Сепак, тоа беше очекувано.

На крајот, акцијата #PSBlackout веројатно ќе се одвива во речиси целосна тишина, со мало малцинство гејмери ​​што ќе ги исклучуваат своите конзоли со надеж дека нешто некаде ќе се промени во Sony.

Спојлер: Нема да промени ништо.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!