Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

CD Projekt Red го претстави The Witcher 3: Songs of the Past во целост за време на Opening Night Live шоуто на Gamescom.

Долгоочекуваното проширување, кое совршено го премостува јазот помеѓу The Witcher 3: Wild Hunt и The Witcher 4, сега е достапно за сите, и изгледа прекрасно.

На Gamescom, Songs of the Past нуди искуство за играње на една од најголемите изложби на саемот, а CDP ги поканува сите гејмери ​​да учествуваат.

Ова проширување пристигнува единаесет години откако последното проширување на Witcher 3, Blood and Wine, доби критички признанија.

На настанот Opening Night Live на Gamescom, CD Projekt го украде шоуто со неверојатен CG трејлер кој го рекламира Songs of the Past, новото проширување за The Witcher 3: Wild Hunt.

Можеби изгледа неверојатно, но ова проширување доаѓа цела деценија по последното, Blood and Wine, дел од DLC што ефикасно го заврши развојот на The Witcher 3, една од најомилените игри некогаш направени.

„Песни од минатото“ беше предмет на многу гласини со месеци, а некои инсајдери открија дека експанзијата била во развој уште од средината на 2025 година.

На CD Projekt му требаше толку долго да ја состави додека работеше на други проекти, но се чини дека вредеше чекањето.

Во „Песните од минатото“, се враќаме за да ја преземеме улогата на Гералт од Ривија, озвучен од Даг Кокл, во целосно оригинална експанзија што спојува игри.

Друга огромна приказна поврзана со „Вештерот“ беше откривањето на „Вештерот 3 ремастериран“, масовна реконструкција на оригиналната игра што ќе биде бесплатна за сите сопственици на „Вештерот 3“, а ќе биде лансирана на 29 септември.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!