Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Нов трејлер за Final Fantasy 7 Revelation беше прикажан за време на Gamescom Opening Night Live, додека иконската трилогија се подготвува за својот последен дел од трилогијата. Најзначајно е што играта конечно доби рок за објавување на пролетта 2027 година.

Нејзиното појавување за време на шоуто не беше изненадување, бидејќи Square Enix објави многу однапред дека режисерот на играта, Наоки Хамагучи, ќе понуди сосема нов поглед на Final Fantasy 7 Revelation за време на шоуто.

Сепак, новиот трејлер сигурно ќе ги импресионира фановите, а рокот за официјално објавување на играта е добредојдено откритие.

Веќе беше општо познато дека Final Fantasy 7 Revelation ќе биде лансиран некаде напролет следната година, но новонајавениот рок за објавување конечно го потврдува тоа.

Самиот трејлер понуди здрава мешавина од игри и најава за приказната, што секогаш беше очекувано, особено кога оригиналниот трејлер веќе откри толку многу.

Како последно поглавје од сагата, Square Enix требаше да ја подигне летвата и да ја подигне возбудата на друго ниво – и врз основа на ова откритие, секако изгледа дека го направи токму тоа. Ова е само едно од многуте откритија од Gamescom Opening Night Live. За целосна покриеност, погледнете го нашиот текст „Сè што е објавено“ овде.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!