Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Извршниот директор на Сони, Хироки Тотоки, продаде повеќе од половина од своите акции во компанијата. Неодамнешното поднесување до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) покажува дека 61-годишникот продал акции во вредност од 4.7 милиони долари само два дена по објавата дека PlayStation ќе престане со производство на физички копии во јануари 2028 година.

Тотоки заработил 4.7 милиони долари

Според поднесувањето до SEC, Тотоки продал 225.000 акции од акциите на Сони на 3 јули. Со цена од 21,02 долари по акција, Тотоки заработил околу 4,7 милиони долари од трансакцијата. 225.000 акции претставувале 56% од неговиот вкупен удел во компанијата. По трансакцијата, на Тотоки му останале 173.250 акции. Но, тој не бил единствениот извршен директор што направил трансакција по објавата.

Исто така поднесено на 3 јули, главниот директор за стратегија на Сони, Тошимото Митомо, продал 25.000 акции, што претставува околу 18% од неговите вкупни акции. Тој ги продаде и своите акции за 21,02 долари, вкупно 525.500 долари.

Од продажбата на акциите, цената на акциите на Сони не се промени многу. Всушност, од моментот на објавување, акциите на Сони се продаваат малку повисоко на 21,20 долари на њујоршката берза. Во осумте дена од објавата, акциите на Сони пораснаа за 6%.

Објавата дека Сони го прекинува производството на физички игри за PlayStation испрати паника низ индустријата. Иако многумина очекуваа тоа на крајот да се случи, објавата сепак се чувствуваше ненадејна, и покрај 18-месечниот тампон помеѓу сега и кога промената ќе стапи на сила.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!