Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Боби Котик во минатото изјави дека ќе го вработи Фил Спенсер како свој наследник во Activision. Фил Спенсер беше една од најистакнатите личности поврзани со Xbox пред неговото пензионирање, водејќи го одделот за игри на компанијата во последните 12 години.

Сепак, неговиот кариерен пат можеше да оди малку поинаков правец, бидејќи Котик речиси го натера Спенсер да го води Activision наместо Xbox. Изјавите на Котик доаѓаат од старо интервју каде што тој зборуваше и за студиото за кое жали што го купи во Activision.

Activision можеше да биде предводен од Фил Спенсер

Објава од Idle Sloth на X (порано Twitter) привлече внимание кон неодамна повторно објавено интервју од YouTube каналот Kleiner Perkins, во кое Боби Котик дискутира за тоа како Фил Спенсер речиси ќе стане негов наследник.

Во февруари, Котик се појави во подкастот Grit, каде што зборуваше за ангажирање на Спенсер да надгледува еден од неговите бизниси. Сепак, Спенсер подоцна го повика Котик за да го информира дека штотуку добил понуда да стане „шеф на Xbox“.

Котик му одговори на Спенсер, наведувајќи дека би сакал да работи во неговата компанија; сепак, сфатил дека тоа е неговата работа од соништата и го замолил да се согласи. Веднаш потоа, Котик исто така изјави дека „е подготвен да го ангажира веројатно да биде мој наследник“.

Котик додаде дека тоа што Спенсер е во XBOX исто така помогнало во договорот, наведувајќи: „Го познавав човекот, како, човекот, и мислев дека ќе биде добар управител, навистина добар управител за бизнисот во иднина“.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!