Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Bethesda официјално потврди дека ремастерите за Fallout 3 и Fallout New Vegas се во активен развој.

Веста дојде за време на ново ажурирање на компанијата по масовните отпуштања на Xbox претходно овој месец, што влијаеше на Bethesda. Веста откри многу детали за тоа на што компанијата работи сега, вклучувајќи ремастерирани проекти.

Во објавата беше кажано: „Исто така, знаеме дека многу играчи сакаат да ги преиспитаат претходните искуства со Fallout. Иако денес не објавуваме никакви датуми, работевме на ремастери за Fallout 3 и Fallout: New Vegas.“

Ете го, директно од устата на коњот. Две ремастери за Fallout се моментално во развој, и додека времето на претставување на игрите може да сугерира дека тие можеби се оддалечени, ние лично мислиме дека би можеле да видиме една од нив подоцна оваа година.

Веста доаѓа по штрајковите во Bethesda, кои беа одговор на неодамнешните големи отпуштања во Xbox, кои влијаеја на 440 вработени во Bethesda и ZeniMax. Порано оваа година, гласина за Fallout 3 Remaster кружеше на интернет по објавувањето на нов список на играчки на кој се наоѓаше предмет од шпекулираната игра Fallout 3 Remastered.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!