Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Fallout 5 доаѓа, но нема да биде готова наскоро. Во ажурирање за состојбата на студиото по отпуштањата на Xbox на 6 јули, директорот на Bethesda, Тод Хауард, даде одредена јасност за тоа што се случува со следната епизода од франшизата.

Хауард го нарекува Fallout еден од најголемите приоритети на студиото, а Fallout 5 е „дестинација на долг рок“. Постојат најмалку четири проекти на Fallout во тек, но кога станува збор за Fallout 5, тоа се чини дека е играта најдалеку.

Elder Scrolls 6 е поголем приоритет

Elder Scrolls 6 беше официјално најавена пред осум години, но оттогаш нема никакви вести. Сепак, играта е „примарен фокус на развој“ за Bethesda.

Хауард вели дека поголемиот дел од компанијата работи на претстојната игра. Исто така, беше откриено дека Fallout 5 е во предпродукција, што значи дека е сè уште далеку. Со оглед на тоа што е толку рано во развој, речиси е потврдено дека The Elder Scrolls 6 ќе биде лансиран пред Fallout 5. Сепак, кога ќе биде тоа, никој не може да претпостави во овој момент.

„Со над 65 милиони продадени примероци, играчите сè уште го истражуваат Skyrim 15 години подоцна, но знаеме дека беше многу долго чекање за продолжението“, рече Хауард. „Следното поглавје е на пат. Ние сме таму каде што планиравме да бидеме, го сакаме како изгледа и го играме секој ден.“

И покрај тоа што Fallout 5 е во толку рана фаза на развој, играчите веројатно нема да мора да чекаат долго за да го вратат универзумот на Fallout. Хауард потврди дека Obsidian не само што работи на нова игра на Fallout, туку и дека се во развој ремастерирани верзии на Fallout 3 и Fallout: New Vegas.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!