Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Најновиот извештај за заработка на Microsoft покажува дека приходите на XBOX се намалија во последниот квартал. Во извештајот, објавен на 29 јули, се забележува дека приходите од услуги за содржина на Xbox се намалија за 10% во споредба со истиот квартал од претходната година.

Дополнително, приходите од хардвер се намалија за 13% за кварталот, а приходите од XBOX за целата година се намалени за 5% во споредба со минатата година. Генерално, приходите на Microsoft се зголемија за 31,34% во споредба со истиот квартал од претходната година, на 133,75 милијарди долари.

Ова доаѓа во време кога XBOX е во процес на големо ресетирање. Извршната директорка Аша Шарма неодамна издаде меморандум во кој се наведува дека состојбата на бизнисот со XBOX не е добра. Големото ресетирање резултираше со промени како што се студија како Double Fine повторно да станат независни и илјадници работни места да бидат отпуштени.

Извештајот за заработка на Microsoft, исто така, забележува добивка од 3,2 милијарди долари од инвестиција во Anthropic, креаторите на Claude AI, и „пониски од очекуваните трошоци поврзани со Програмата за доброволно пензионирање, кои беа делумно компензирани со трошоци за отпремнина и трошоци за обезвреднување во XBOX“.

Потоа раководителите на „Мајкрософт“ го фалеа успехот на компанијата во приходите од вештачка интелигенција, затворајќи ја фискалната година со зголемување од 27% во однос на претходната година.

Пред да биде назначена за раководителка на одделот за XBOX, Аша Шарма беше дел од одделот за вештачка интелигенција на „Мајкрософт“. Таа беше назначена на чело на XBOX по пензионирањето на Фил Спенсер и последователната оставка на Сара Бонд.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!