Ghostbusters VR – Нова игра за META Quest 2

Ghostbusters VR се подготвува за Meta Quest 2. Виртуелната реалност на Sony Pictures (SPVR) ќе ја објави и ќе биде паблишер на co-op играта со четири играчи, која ја развива студиото на Far Cry VR: Dive Into Insanity nDreams.

Ghostbusters VR (како што се нарекува играта засега) го префрла дејството од познатата база во New York во San Francisco (Добро прашање е зошто?). Не ни треба да се раскажува ни да се претпоставува за што ќе биде играта кога веќе сите знаеме точно. Бракање на духови… SPVR вели дека играта ќе има „обемна и привлечна кампања“ што можете да ја доживеете сами или со уште тројца други. Не беше ни објавено кога да ја очекуваме играта, но SPVR вели дека повеќе информации ќе бидат откриени во наредните месеци.

Интересно е што оваа Ghostbusters игра не е единствената која што е во припрема периодов. Креаторите на Friday The 13th Illfonic ја припрема играта Ghostbusters: Spirits Unleashed. Интересно е што целиот концепт на оваа игра е буквално ист како VR верзијата… 4 играчи, еден дух… Spirits Unleashed е закажана да излезе на сите платформи (PC, PS и XBOX) пред крајот на оваа 2022 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Откриен е нов гејмплеј на Dungeons & Dragons: Warlock, во кој се претставуваат оригиналната акциона авантура на Wizards of the Coast и Invoke во светот на Dungeons & Dragons. Откривањето се емитуваше на Gamescom Opening Night Live и вклучуваше нов трејлер.

Заедно со новиот трејлер, Wizards сподели соопштение за медиумите кое им дава на играчите поголем увид во тоа што да очекуваат.

Откривањето на гејмплејот на Warlock им дава на играчите поширок поглед на претстојната игра, почнувајќи со откривање на сосема нов лик: Таша. Меги Робертсон ја игра улогата на Таша, која делува како патрон и извор на моќ на Катри. Таша ја учи Катри да ја почувствува суровата магија, моќ скриена во Даркон што ѝ овозможува да ја прошири и трансформира својата магична способност.

Оттаму, откривањето го оживува основното ветување на Warlock, покажувајќи како магијата им овозможува на играчите да го читаат, преобликуваат и на крајот да го совладаат светот околу нив. Катри ја претвора околината, позиционирањето на непријателот, па дури и времето во тактички можности, поврзувајќи магии пред да ја искористи својата вештина како искусен мајстор за оружје. Резултатот е флуиден, системски управуван пристап кон истражувањето и борбата, каде што набљудувањето и експериментирањето можат да откријат нови патеки, да создадат неочекувани решенија и да создадат спектакуларни комбинации.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!