Заборавете на PlayStation 5 Slim, сега имаме PlayStation 5 TINY

Во неодамнешното видео поставено на каналот за технологија на на YouTube-рот, Not From Concentrate, беше откриено дека PS5 Slim едноставно не е доволно мал – може да стане многу, многу помало. Всушност, може да се направи помал, како што докажа оваа прилагодена градба од „NFC“. Во текот на единаесет или нешто минути, PlayStation 5 Tiny е прикажан во сета своја симпатична, мала, но моќна слава.

Постои традиционален пат што го следат дизајнерите на конзоли, а тој обично вклучува лансирање на нешто „со редовна големина“, само за да се надоврзе со потенка, намалена верзија по две или три години. Тоа се случува со речиси секоја генерација на конзоли од почетокот на милениумот, и продолжува да биде начинот на кој работите функционираат денес.

Но, има некои што ги предизвикуваат дури и оние дизајнери од највисоко ниво. Има некои маестрални техничари кои сакаат да ги поместат границите на „малото“, надминувајќи го концептот на „тенок“ и движејќи се до крај во сферата на „мало“.

Користејќи надворешен диск, NFC ја изгради најмалата конзола за PlayStation досега, и таа всушност изгледаше фантастично. Беше тенок, елегантен, со низок профил, па дури имаше и вграден приклучок за полнење за вашите контролери. Со 3D печатач и купишта техничко знаење, NFC го конструираше PS5 Tiny со многу од оригиналните делови на конзолата.

Разбирливо, многу компоненти беа заменети, како што се решенијата за ладење и напојување, SSD, и се разбира, диск-уредот. Во видеото, NFC нашироко покажа како работи PS5 Tiny, откривајќи ги уникатните, прилагодени карактеристики што беа вградени во уредот, како што се системите за контрола на ладењето.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!