Bella Ramsey во нова реклама за PlayStation

Ѕвездата на The Last of Us, Bella Ramsey, глуми во нова реклама за PlayStation. The Last of Us е една од најголемите ТВ серии во 2023 година и тоа многу влијае поради квалитетот на серијата, но нормално и целата актерска екипа. Pedro Pascal ги зголеми своите веќе високи нивоа на слава глумејќи како Joel во серијата, а Bella Ramsey стана мега голем хит со нејзината улога како Ellie. Се очекува двајцата да се вратат за да ја снимаат 2-та сезона на The Last of Us во текот на следната година, но останува да се види кога тоа всушност ќе биде објавено за фановите да уживаат.

Како и да е, додека сите чекаме со исчекување, Bella Ramsey максимално ја користи својата улога глумејќи во нова реклама за PlayStation. Ramsey се игра себеси во оваа нова реклама за PlayStation VR2, истакнувајќи дека се подготвуваат за нејзиното полагање за возачка (се спрема за градска хехе). Потоа го става VR ленсот и игра Gran Turismo 7. Има дури и референца за автомобилот кој го има Ramsey, светкав црвен Fiat 500, кој го купи откако заврши со снимање на The Last of Us. За жал, колку и да е извонредно трките во PSVR2, тоа веројатно не е најдобриот начин да научите како да возите, бидејќи подоцна во рекламата, Ramsey паѓа на полагање бидејќи вози 120km/h во зона од 50km/h. Ова е забавна мала реклама и покажува дека PlayStation се обидува да ја искористи ѕвездената моќ на еден од актерите кои се многу вклучени во адаптацијата на една од нивните игри.

Уредот PSVR2 започна бавно… Единствените големи игри од First Party што ги имаше при лансирањето беа Horizon Call of the Mountain и Gran Turismo 7, но имаше пристојна количина на игри од Third Party девелопери. Во моментов, Sony допрва треба да објави други големи игри од First Party за уредот, но се надеваме дека тоа ќе се промени ова лето.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN