Dead Cells: Return To Castlevania пристигнува на 6ти март

Dead Cells: Return To Castlevania, претстојниот кросовер DLC помеѓу Dead Cells и Castlevania конечно доби датум за објавување денес за време на најновиот пренос во живо на Nintendo Direct. DLC сега ќе биде објавен на 6ти март.

Return To Castlevania беше објавено минатиот декември за време на пред-шоуто на The Game Awards. Програмерите во Evil Empire, кои главно се занимаваат со DLC содржини за Dead Cells е студио направено од поранешни вработени во Motion Twin кое ги направи Dead Cells. Зборувајќи со ко-основачот Benjamin Laulan и бренд менаџерот Bérenger Dupré, дознавме дека Return To Castlevania ќе биде „двојно поголем“ од претходните DLC изданија на Dead Cells.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN