Christopher Judge сака да го игра Kratos и во Адаптацијата на Amazon Prime

Актерот од God of War Ragnarok –Christopher Judge, кој го дава гласот и глумата на Kratos во игрите сега сака да го глуми големиот Kratos и во ТВ играната адаптација која ќе биде правена од Amazon Prime. Kratos е еден од најпознатите иконски ликови во светот на игрите. Датира од времето на PS2 кога Kratos беше клучен лик на PlayStation и беше веднаш препознатлив поради тоа колку беше целосно маестрален, неговите тетоважи и лузни и неговиот дементен глас што врескаше по неговите непријатели. Тој беше толку голема работа што NetherRealm дури и го вклучија и во Mortal Kombat како лик што може да се игра во верзиите на играта на PlayStation. Неговото патешествие продолжи во 2018 година со објавувањето на God of War на PS4, што беше меко рестартирање кое го промени тонот на серијалот, но ја продолжи приказната. Актерот на Kratos, исто така се смени и дојде Christopher Judge, кој беше прогласен за давање на една од најдобрите изведби во видео игри!

Претходно оваа година беше потврдено дека Amazon развива играна ТВ сериј за God of War. Не е јасно кои игри ќе ги адаптира или кои ликови ќе бидат во серијата, но многумина почнаа да го кастираат Kratos. Моментално оваа франшиза има толкава фан база што луѓе полудуваат за кој да биде Kratos!

Актерот кој што е многу актуелен со Филмскиот универзум на Marvel, Dave Bautista, го фрли своето име во пехарот на Kratos, а многу други имиња беа предложени од обожавателите. Но сепак Dave Bautista е многу пропаднат актер што моментално пробува секаде да се протне бидејќи никој не го сака толку многу. Пробува да се протне и во адаптацијата на Gears of War, да се прават Marvel филмови само со него, и многу други работи. Dave Bautista е актерот кој што би направил се за да добие улога која ќе му донесе многу пари, но сепак луѓето не го сакаат.

Сепак, актерот на Kratos, Christopher Judge, мисли дека тој е човекот за таа работа. Еден обожавател на Twitter потенцираше дека никој од актерите што се барани од страна на фанови не биле доволно добри да ја земат секирата или мечовите и да влезат во улога на Kratos. Вистинската улога, односно актерот кој треба да ја добие улогата МОРА да биде Christopher Judge!

Може сите да се сложиме дека Christopher Judge е човекот кој треба да го игра Kratos! Гласот му е прекрасен, иако можеби за млад Kratos може да го промени. Тој има тело за тоа, го има гласот за тоа, се чини дека Christopher Judge е одлично погоден за Kratos. Сепак, со оглед на природата на овие емисии, не би било изненадувачки ако Amazon се обиде да најде по „препознатливо“ име на кое ќе може да се потпира на маркетингот….. А кога зборуваме за препознатливо лице со добра мускулатура и без коса сите знаеме на кој актер прво ни идат мислите… Да не звучиме рацистички но The Rock е белец, Judge можеби ќе биде доста негативно прифатен од страна на фановите.

Ние ниту малку не сакаме Dwayne ‘The Rock’ Johnson да ја игра улогата на Kratos од причина што сметаме дека The Rock треба да си остане на тоа што е добар и што си го прави, Комедии во Hollywood. Иако го видовме малку да премине од комедија во сериозна улога на Анти-Херој во новиот Black Adam филм, сепак има доста други актери кои што можат да го одглумат Kratos. Прекрасен пример е еден од членовите на нашиот тим – Гораст Цветковски! Подоле може да го погледнете во улога на Kratos!

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!