Добиваме нова мапа во Сезона 15 на Apex Legends

Apex Legends секогаш прават добри тизери за она што следува во идните сезони, а оваа недела Battle Royal-от го доби првиот тизер за Сезона 15. Играчите забележаа тизер „Golden Ticket“ на Willy Wonka за сезона 15 во играта што ветува можност да се види идниот дом на Apex Games”. Овој тизер е протолкуван како навестување за новата мапа планирана за следната сезона, но играчите всушност не можат да ги користат овие билети се уште.

Златните билети се доволно едноставни за да се најдат. За да го лоцирате, сè што треба да направите е да влезете во игра и да најдете Replicator. Ќе го видите Златниот билет сместен на самиот врв на Loot Wheel кога ќе ги погледнете опциите на Replicator, но ќе мора да имате многу материјали за изработка за да го добиете, бидејќи чини 125. Ќе добиете златно оружје и малку муниција, така што вреди да се инвестира дури и ако тоа значи дека ќе ги потроши речиси сите ваши материјали за изработка.

Се смета за “специјален” ајтем сличен на златниот MRVN Arms што играчите можат да го најдат на Олимп, но се чини дека не зазема место во вашиот инвентар во моментов. Нема ништо друго што можете да направите со него во моментов, но сепак е уредно да се види и е потенцијално исплатливо поради оружјето, исто така.

Сепак, се чини дека ќе видиме повеќе за овој тизер следната недела. Тизерите на Apex Legends се вообичаено процеси со повеќе делови кои се откриваат со текот на времето, и ако ги погледнете достапните плејлисти во Apex во моментов, ќе видите нова опција во горниот десен агол. Се вика „Нов дом“ и моментално вели дека ќе се отклучи за шест дена, што значи дека следната фаза од овој лов во играта треба да се одвива на 19 октомври, под претпоставка дека ништо не се случува пред тоа.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!