XBOX објави кога ќе ја добиеме Redfall

Xbox и Bethesda конечно го открија датумот на објавување на Redfall, кој е претстојниот Co-op Shooter од Arkane Studios. Прво прикажана во 2021 година, Redfall првично беше подготвена да излезе во 2022 година заедно со огромниот наслов од Bethesda – Starfiled. И додека двата наслови подоцна завршија со одложување на првата половина од оваа година, конечно имаме конкретен датум за заокружување на календарот кога станува збор за објваување на Redfall.

Датумот најавен за време на новата презентација на Xbox „Developer Direct“ денес, Redfall беше потврдено дека ќе ја видиме на 2-ри мај. Многу убав ден, прво скарица после идеме да гејмаме. Овој долгоочекуван датум на издавање на играта беше прикажан заедно со еден тон нови снимки од игра за проектот што им дадоа на фановите опширен поглед на тоа што ќе понуди насловот. Не само што Arkane ги покажа главните мисии и различните непријатели што ќе се видат во Redfall, туку исто така блескаше поголемо светло на страничните мисии и некои од уникатните оружја на играта.

Redfall е предвидено да биде една од најголемите ексклузивци што XBOX ги има издадено во подолго време. Во 2022 година заврши како неуспешна година за XBOX бидејќи компанијата не објави многу игри од фрст-парти во текот на целата календарска година. За среќа, оваа година веќе се обликува да биде многу подобра. Не само што Redfall сега ќе биде лансирана во мај, туку ќе биде придружена со Minecraft Legends која треба да пристигне кон крајот на април. Да не зборуваме, Xbox исто така објави нова игра денес насловена Hi-Fi Rush, која доаѓа од студиото зад The Evil Within. Иако сè уште не знаеме кога Starfield би можела да излезе, се чини дека оваа година ќе биде многу поздрава за фановите на Xbox во целина.

За потсетување, Redfall ќе биде достапена само на платформите од тековната генерација кога ќе излезе, што значи дека ќе може да се репродуцира на Xbox Series X, Xbox Series S и PC. Дополнително, бидејќи ова е наслов на Xbox од фрст-парти, ќе биде достапена и преку Xbox Game Pass на првиот ден од објавувањето.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Еве еден интересен факт: од сега па сè до 2029 година, OpenAI контролира 40 отсто од светското производство на динамичка меморија со случаен пристап (DRAM), која се користи во мобилните телефони, конзолите за видеоигри и системите за вештачка интелигенција. Така, компанијата зад ChatGPT е една од главните причини поради кои сега треба да платите 650 долари за PS5 и поради кои речиси никој не може да си дозволи да состави нов гејминг-компјутер. Сепак, извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, некако смета дека овој процент не е доволен.

Според Алтман, сите ние – обичните луѓе, заедно со неговата компанија вредна 852 милијарди долари – имаме заеднички интерес. Во неформално интервју за YouTube-каналот Cheeky Pint, Алтман објасни дека светот веќе има ограничени капацитети за производство на силициум.

„Од гледна точка на глобалната распределба, всушност е прилично ужасно што сите имаат големи количини од ограничените светски резерви на DRAM меморија во своите компјутери, а таа се користи само пет отсто од времето.“

Алтман тврди дека, со оглед на постојните ограничувања, би било покорисно DRAM меморијата што луѓето ја имаат во своите електронски уреди да се користи за напојување на дата-центрите. На тој начин, сите би можеле да ја искористат вкупната компјутерска моќ.

„Ако се обидувате да се справите со средина во која понудата е многу ограничена, сакате максимална искористеност на капацитетите во облакот. А некако, интуицијата на луѓето е токму спротивна од тоа“, рече Алтман.

Од ChatGPT до PS5

Аргументот на Алтман, кој погодно ја заобиколува улогата на OpenAI во создавањето на проблемот со недостигот на меморија, наиде на неверување кај коментаторите и корисниците на YouTube. Сепак, Sony се согласува со него, поради што производителот на хардвер планира да ја прекине поддршката за Blu-ray во 2027 година и да произведува само целосно дигитални конзоли PS5.

Додека корисниците откриваат начини за отклучување на хардверот, а вештачката интелигенција го забрзува процесот на создавање игри, компании како Sony имаат дополнителен мотив да создадат средина во која поединечните корисници поседуваат што е можно помалку. Не можете лесно да украдете или да направите реверзно инженерство на нешто што се емитува преку облак, додека компаниите можат да контролираат колку ќе плаќате за пристап до таа содржина. Алтман само го кажува гласно она за што обично се молчи.

Подоцна, Алтман рече дека се надева оти трошоците за енергија, снабдување и производство наскоро ќе се намалат. „Ако не се намалат, ќе бидам многу тажен. Но, за да се намалат, со оглед на тоа колку вредност има во сето ова, понудата мора значително да се зголеми.“

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!