Новата Perfect Dark е Римејк на Првата игра

Не сме слушнале ништо ново за новата Perfect Dark игра од студиото на Microsoft – The Initiative речиси од нејзиното објавување на крајот на 2020 година. Заедно со најавниот трејлер, кој не беше баш најјасен, овие две и пол години само дознавме дека е ангажиран е развојниот тим на Crystal Dynamics да помогне во развојот на играта, кој во меѓувреме се пресели од Square Enix во Embracer Group. И додека со право очекуваме дека Microsoft ќе ја претстави играта подетално на почетокот на јуни на својот Xbox Showcase, неколку нови, иако неофицијални, детали ни доаѓаат преку LinkedIn.

Судејќи според информациите што будните очи на ResetEra од Reddit ги забележаа на профилот на LinkedIn на Tyler Thornock, технички аниматор на студиото The Initiative, новата Perfect Dark всушност нема да биде рестартирање, како што сугерираа претходните информации, туку може да биде еден вид римејк на оригиналната игра. Оригиналниот Perfect Dark беше развиен од Rare во 2000 година исклучиво за Nintendo 64, а две години подоцна Microsoft ја доби франшизата откако ги купи Rare. Ова партнерство резултираше со објавување на приквелот Perfect Dark Zero, кој се појави на конзолите Xbox 360 во 2005 година, и ремастерот на оригиналната игра објавен во 2010 година.

Цели 10 години подоцна, новата игра беше најавена за време на The Game Awards 2020 како прв наслов на новоформираното студио на Microsoft – The Initiative. Но, после тоа настана целосен медиумски молк. Дали новата Perfect Dark ќе биде меѓу игрите што ќе бидат претставени за време на Xbox Showcase на 11 јуни, останува да видиме… Сигурно ќе биде бидејќи започнаа многу новости околу неа.

МАРКЕТИНГ

Следната игра од серијалот на PlayStation Ratchet & Clank е откажана пред да добие целосно издание. Во петокот, Sony Interactive Entertainment и развивачот Oh BiBi објавија дека Ratchet & Clank: Ranger Rumble ќе биде повлечена од дигиталните продавници овој месец, а целосно ќе биде згасната следниот мај.

Ratchet & Clank: Ranger Rumble е мултиплеер шутер за Android и iOS. Играта беше претставена пред речиси точно една година, на 12 ноември 2025 година, а нејзиниот прием во најдобар случај беше поделен. Оттогаш, Sony ја објавуваше играта во ограничен пристап во различни региони, а последно во август во Обединетото Кралство. Sony во текот на летото најави планови за глобално лансирање, но компанијата сега ја смени одлуката.

„Во име на развојниот тим и сите кои помогнаа во создавањето на играта, им благодариме на нашата неверојатна заедница за сета поддршка, особено на оние кои одвоија време да играат, да споделуваат повратни информации и да помогнат во обликувањето на Ranger Rumble во текот на нејзиниот развој!“, се наведува во објавата на веб-страницата на Ranger Rumble.

Ratchet & Clank: Ranger Rumble ќе добие последно ажурирање во петок, а на 21 ноември целосно ќе биде отстранета од App Store и Google Play Store. Нејзините сервери трајно ќе бидат исклучени на 1 мај 2027 година, по што играта повеќе нема да може да се игра. На веб-страницата на Ranger Rumble има детално често поставувани прашања во кои е објаснето како ова затворање ќе влијае врз наградите во играта, сезонските пропусници и валутата во играта.

Ratchet & Clank беше создадена во 2002 година од Insomniac Games, студиото кое денес е попознато по игрите на Marvel, како септемвриската Marvel’s Wolverine. Последното издание на франшизата за конзоли беше одличната Ratchet & Clank: Rift Apart од 2021 година. Insomniac официјално не најавил нова игра Ratchet & Clank, но хакерскиот напад врз студиото во 2023 година и последователните протекувања на информации укажуваат дека студиото работело на продолжение на Rift Apart. Оттогаш не се објавени никакви официјални планови.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!