Првиот тизер-трејлер за Thor: Love And Thunder

Marvel Studios го објавија официјалниот тизер трејлер за Thor: Love and Thunder

Овој трејлер доаѓа само неколку месеци пред ова продолжение, кое е во режија на режисерот на Thor: Ragnarok, Таика Ваитити. Со објавувањето на овој трејлер, Thor: Love and Thunder сега го држи рекордот за најкратко време помеѓу првиот трејлер на филм од Marvel Cinematic Universe и неговото прикажување во кината. Сепак, тешко е да се пожалиме, бидејќи иако требаше да почекаме малку за овој трејлер, сега, гледајќи колку одлично изгледа (или не), убаво е да се знае дека треба да почекаме само неколку месеци за да го видиме филмот.

Подолу можете да го погледнете официјалниот тизер трејлер за Thor: Love and Thunder:

Како што можете да видите во трејлерот погоре, не се ни случува ни прикажува ништо посебно, особено кога ќе земете во предвид дека веќе знаеме многу за тоа што ќе опфати филмот… Gorr The God Butcher е негативецот, Џејн Фостер како Mighty Thor, и повеќе. Всушност, Гор не се споменува ниту еднаш во трејлерот и добиваме само неколку брзи секунди на Џејн како Тор на крајот од тизерот.

Christian Bale во улога на Gorr The God Butcher

Сепак, и покрај тоа, дознаваме многу за тоа каде се наоѓа Тор и каде е тој ментално следејќи ги настаните од Avengers: Endgame, каде последен пат го видовме. Како што се очекуваше, тој вложи малку работа за да се врати на неговата поискусна фигура (тука се надеваме дека ќе добиеме неверојатна монтажа на вежбање поставена на музика од 80-тите) и се тркала со Guardians of the Galaxy (ова е и нашиот прв поглед на ова тим од Endgame).

Што се однесува до тоа каде е Тор ментално, тој изгледа помалку склон кон забави и тепачки, а повеќе за преземање на животот околу него и на крајот, живеење мирно и спокојно. Во прилог на денешниот тизер трејлер, Marvel Studios објави и нов постер Thor: Love and Thunder, кој можете да го погледнете подолу:

Првиот постер за филмот

Thor: Love and Thunder доаѓа на 8ми Јулу

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!