Сите игри најавени на јануарскиот PlayStation State of Play

Сите гејмери се секогаш задоволни кога има настани каде што се прикажуваат и најавуваат нови видео игри! Посебно фанатиците на PlayStation се секогаш задоволни кога ќе го има нивниот омилен настан – State of Play.

Овој јануарски State of Play може да се пофали со 40мин. контент, но и преполн со 15 игри! Убавината е што видовме толку игри, но не беше нешто само помали или поголемо, туку имаше многу различни работи. Кога на ист настан ќе се стават игри како например нова Sonic игра, но на крај целосен Трејлер за приказната на Death Stranding 2, знаеш дека се работи за голем настан!

Дефинитивно работите кои што на овој State of Play оставија голем впечаток беа Project Eve (од денес официјално позната како Stellar Blade), Silent Hill 2, Rise of The Ronin, и нормално Death Stranding 2. Нормално не смеат да се заборават сите други како JUDAS и нова METRO VR!

Project Eve – Stellar Blade

Silent Hill 2

Rise of the Ronin

Death Stranding 2

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN