Хидео Коџима се појави од никаде како нинџа на изминатиот „State of Play“ по објавувањето на целосно нов трејлер за приказната за Death Stranding 2 која искрено нè остави со повеќе прашања отколку одговори… Класично нешто за Коџима… Тоа беше бизарен пробив на игра која ветува дека ќе ни го изврти умот.
Неговото појавување беше наменето дека Коџима влегува во колаборација со PlayStation да најави дека работи на неоткриен наслов за акциона шпионажа која е целосно поддржана од техничката моќ на SIE. Беше кажано дека ќе ги „спои границите помеѓу филмот и игрите“, но и покрај премисата, нема никаква врска со Metal Gear Solid франшизата. Одма да кажеме дека ова не е “OD” играта, таа игра ќе биде есклузива за XBOX, овде се работи за PlayStation.
Kojima ги води и XBOX и PlayStation
Со години, играчите тагуваат по она што може да се нарече загубата на Metal Gear Solid. Поминаа речиси десет години откако Коџима го напушти Konami и се збогува со Metal Gear, преминувајќи на она што може да се смета за позелени пасишта. Оттогаш тој процвета во креативна почит додека Metal Gear страдаше неизмерно. По неговото заминување, Metal Gear Survive беше објавен и брзо стана најлошо оценет наслов Metal Gear досега.
Сепак, се чини дека Коџима не е сосема готов со концептот на тактичка шпионска акција. За време на настанот PlayStation State of Play, Коџима задеваше целосно нов проект фокусиран на премиса за акциона шпионажа која ќе содржи „современа технологија и познати актери“. Kojima Production во последователна објава на социјалните мрежи изјви дека „ќе понуди речиси реална графика и нов поглед на интерактивна забава“.