Insomniac Games се пофалија со 10 Милиони продадени копии на Marvel’s Spider-Man 2

Insomniac Games објави дека Marvel’s Spider-Man 2 се продала во над 10 милиони копии од нејзиното објавување во октомври 2023 година.

„Ви благодариме за поддршката и што го овозможивте ова спектакуларно патување“, велат од студиото.

Покрај специфичните продажби на играта, целиот серија достигнал над 50 милиони продадени копии. Тоа се протега на три игри: Спајдермен, Мајлс Моралес и Спајдермен 2.

Во моментов, компанијата ја финализира работата на следното големо ажурирање на играта што ќе вклучува голем број ажурирања, вклучувајќи нови костуми и мошне очекуваниот режим на New Game+. Тоа ажурирање треба да пристигне на 7 март.

Marvel’s Spider-Man 2 е достапна ексклузивно за PlayStation 5, но ќе видиме кога би пристигнала и она на PC. Моментално корисниците на PlayStation Plus Premium, можат да ја играат бесплатено играта околу 2 часа за да видите дали сте спремни да ја купите.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

За време на Comic-Con 2026 во Сан Диего, беше потврдено дека God of War Laufey ќе биде лансирана на PS5 на 16 февруари 2027 година. Ова го означува следниот голем дел од популарната франшиза на PlayStation.

Трејлерот за датумот на објавување беше споделен и од официјалниот профил на Sony PlayStation на Твитер.

Пред еден месец, Џејсон Шрајер беше првиот што сподели дека играта би можела да работи уште во февруари. Sony Santa Monica потоа го потврди објавувањето на играта во 2027 година претходно овој месец.

Играта беше официјално претставена со трејлер за играта за време на презентацијата на Sony PlayStation State of Play во јуни 2026 година.

Главната актерка во играта, Дебора Ан Вол, претходно сподели дека оваа игра првпат ѝ била претставена пред речиси 10 години, бидејќи ѝ било кажано за тоа во 2018 година, истата година кога God of War беше лансиран на Sony PlayStation 4.

Девет години подоцна, играчите ќе можат да ја контролираат сопругата на Кратос во нејзината сопствена авантура.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!