Insomniac Games се пофалија со 10 Милиони продадени копии на Marvel’s Spider-Man 2

Insomniac Games објави дека Marvel’s Spider-Man 2 се продала во над 10 милиони копии од нејзиното објавување во октомври 2023 година.

„Ви благодариме за поддршката и што го овозможивте ова спектакуларно патување“, велат од студиото.

Покрај специфичните продажби на играта, целиот серија достигнал над 50 милиони продадени копии. Тоа се протега на три игри: Спајдермен, Мајлс Моралес и Спајдермен 2.

Во моментов, компанијата ја финализира работата на следното големо ажурирање на играта што ќе вклучува голем број ажурирања, вклучувајќи нови костуми и мошне очекуваниот режим на New Game+. Тоа ажурирање треба да пристигне на 7 март.

Marvel’s Spider-Man 2 е достапна ексклузивно за PlayStation 5, но ќе видиме кога би пристигнала и она на PC. Моментално корисниците на PlayStation Plus Premium, можат да ја играат бесплатено играта околу 2 часа за да видите дали сте спремни да ја купите.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Rockstar Games конечно го откри колекционерскиот пакет за Grand Theft Auto VI, но наместо класично Collector’s Edition издание со игра, специјални дигитални бонуси и куп дополнителна содржина, компанијата овојпат оди во малку поинаква насока. Малку по реалистична насока.

Grand Theft Auto VI: The Goodtime State – Vice City Collection е премиум колекционерска кутија со 11 различни предмети инспирирани од светот на Leonida и измисленото телевизиско шоу „Macca the Gator“. Цената е 399,99 долари, а можеби најважниот детал е дека во пакетот воопшто не се наоѓа самата Grand Theft Auto VI игра. Играта се купува одделно.

Колекцијата е веќе достапна за преднарачка преку Rockstar Store, а планирано е испораките да започнат на 19 ноември 2026 година, истиот ден кога Grand Theft Auto VI треба официјално да излезе за PlayStation 5 и Xbox Series X|S.

Но што точно добивате за тие 400 долари?

Macca the Gator фигура

Главниот предмет во целата колекција е фигура на Macca the Gator, лик од телевизиското шоу кое постои во светот на GTA VI. Фигурата не е само декоративна. Основата може да се отвори и да се користи како мал простор за чување предмети.

Rockstar ја опишува Macca како лик кој ужива во цигара и „flamingo blood martini“, што прилично добро ја доловува бизарната естетика на измислената поп-култура во Leonida. Токму Macca е практично главниот мотив околу кој е изградена целата колекција.

Oakley Frogskins очила

Еден од посериозните предмети во пакетот се Oakley Frogskins очилата, направени специјално со GTA VI мотиви.

Станува збор за мат црни Frogskins со Prizm Sapphire леќи и розово Vice City GTA VI лого. За разлика од голем дел од останатите предмети во колекцијата, ова не е само декоративен сувенир, туку вистински производ од Oakley.

И токму очилата се еден од ретките предмети што можат реално да ја оправдаат повисоката цена на пакетот, зависно од тоа колку би чинел конкретниот модел одделно.

Leonida Keys crossbody торбичка

Пакетот доаѓа и со Leonida Keys crossbody bag, односно мала торба за носење преку рамо.

Торбичката е направена од ripstop материјал, има црно-розова внатрешна поставеност, ткаени ознаки и специјален YKK патент со брендиран дизајн.

Ова е уште еден предмет кој е повеќе функционален merch отколку класичен сувенир.

New Era капа

Во кутијата има и New Era 9FORTY A-Frame snapback капа со Vice City и Leonida мотиви.

Капата има везови, апликации и други детали инспирирани од светот на GTA VI, па доколку некој навистина сака да го носи GTA мерчот наместо само да го чува во витрина, ова е еден од покорисните предмети.

Macca the Gator магнетно огледало

Следниот предмет е прилично необичен – магнетно огледало со ликот на Macca the Gator.

Направено е од електроплатирано розово стакло и може да се користи како огледало, послужавник или да се закачи како декоративен предмет благодарение на двата големи магнети на задната страна.

Практично, Rockstar успеала и огледалото да го направи дел од целата „Goodtime State“ естетика.

Chunkee the Manatee чашка за шотови

За оние кои сакаат малку помалку практични, а повеќе колекционерски предмети, тука е Chunkee the Manatee shot glass.

На чашката е прикажан Chunkee the Manatee, а на дното има ласерски изгравирано Rockstar Games лого.

Vice City лажичка за мешање

Да, во пакетот има и колекционерска Vice City swizzle spoon.

Станува збор за декоративна лажичка со Vice City лого и Rockstar Games детал на врвот. Rockstar очигледно решила дека секој добар GTA коктел заслужува сопствена лажичка.

Привезок во форма на жилет

Има и метален привезок во форма на жилет, со врежани GTA VI и Vice City логоа.

Секако, станува збор за декоративен предмет, а не вистински брич, но дизајнот очигледно е намерно направен за да се вклопи во малку пооткачената естетика на Vice City и Leonida.

Девет пинови

Колекцијата содржи и сет од девет емајл пинови, сместени во специјална метална кутија.

Пиновите се тематски поврзани со Leonida Keys и Vice City, па ова е еден од оние предмети кои најмногу ќе им значат на луѓето што навистина собираат GTA сувенири.

Девет налепници

Следниот предмет е можеби наједноставниот – пакет од девет винил налепници, сместени во мала „stash bag“.

Rockstar предвидува тие да се користат на лаптопи, шишиња, телефони и други површини.

Постер со цела Leonida

И конечно, еден од најинтересните предмети за фановите на самата игра е двостраниот колекционерски постер.

Од едната страна има илустрација со Macca the Gator и други ликови од измисленото телевизиско шоу, додека од другата страна се наоѓа целосен приказ на мапата на Leonida.

Тоа е веројатно предметот кој најмногу ќе привлече внимание кај фановите кои сакаат физички сувенири поврзани со самиот свет на GTA VI.

Значи што точно добивате за 400 долари?

Ако се собере сè, во кутијата има:

  • Macca the Gator фигура со простор за чување предмети
  • Oakley Frogskins очила
  • Leonida Keys crossbody торба
  • New Era 9FORTY A-Frame капа
  • Macca the Gator магнетно огледало
  • Chunkee the Manatee чашка за шотови
  • Vice City swizzle spoon
  • Vice City привезок во форма на жилет
  • сет од девет пинови
  • сет од девет винил налепници
  • двостран постер со мапата на Leonida

Rockstar официјално ја наведува цената од 399,99 долари, а димензиите на целата кутија се 19 x 13,5 x 12,5 инчи. Производот е означен како колекционерски предмет за возрасни и не е наменет како играчка.

Но тука доаѓаме до најинтересниот дел.

400 долари за колекционерски предмети без играта?

Тешко е да се зборува за овој пакет без да се спомене цената.

399,99 долари се многу пари за кутија со GTA сувенири, особено кога ќе се земе предвид дека играта не е вклучена.

За споредба, Grand Theft Auto VI во САД е официјално објавен со цена од 79,99 долари за Standard Edition и 99,99 долари за Ultimate Edition.

Тоа значи дека некој што сака и колекцијата и играта треба да плати најмалку околу 480 долари пред даноци и други трошоци, ако ја земеме стандардната верзија како основа.

И тука доаѓа малку чудната ситуација со ова издание.

Кога ќе се погледне содржината, јасно е дека Rockstar не се обидува да продаде само една фигура и неколку евтини налепници. Имаме официјални Oakley очила, New Era капа, торба, фигура, постер и уште куп ситни колекционерски предмети.

Но сепак, 400 долари се сериозна сума, а дел од предметите – како налепниците, пиновите, привезокот, лажичката и малото огледало – сами по себе не оставаат впечаток дека се предмети за кои просечен купувач би издвоил стотици долари.

Дури и ако очилата и торбата носат поголем дел од вредноста, останува фактот дека купувачот плаќа премиум цена за колекционерски пакет, а потоа мора дополнително да ја купи и самата игра.

И токму затоа ова можеби е подобро да се гледа како луксузен GTA merch bundle, а не како класично Collector’s Edition издание.

Не е за секој GTA фан

Ова веројатно и не е производ кој Rockstar го прави за секој човек што планира да го игра GTA VI.

Ако единствено сакате да ја играте играта, 400 долари за оваа кутија немаат многу смисла. За таа сума може да се купи играта, Ultimate Edition и да остане значителна сума за други работи.

Но за колекционерите ситуацијата е поинаква.

Ова е физички пакет со предмети кои се директно поврзани со светот на Leonida, а Rockstar очигледно го позиционира како премиум колекционерски производ. Дополнително, самиот пакет е означен како достапен додека има залихи, што значи дека неговата привлечност делумно се базира и на ограничената достапност.

Сепак, останува прилично необичен момент: кога ќе слушнете „GTA VI Collector’s Edition“ и цена од 400 долари, очекувањето е во кутијата да ја има најважната работа – GTA VI.

Овојпат тоа не е случај.

Rockstar наместо тоа ви продава парче од Leonida кое можете да го ставите на полица, да го носите, да го користите и да го чувате како сувенир.

И ако сте огромен GTA колекционер, можеби токму тоа е поентата.

За сите останати, 400 долари за колекција од 11 предмети без играта секако е цена која ќе бара малку повеќе убедување.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!