The Finals се закити со 10 милиони играчи за Две Недели

Во монументално откритие, студиото Embark потврди дека за само две недели, играта The Finals се пофали со неверојатни 10 милиони играчи.

Тоа е огромен број што е способен да им парира на франшизата Call of Duty, и тоа е доказ за моќта на пробувањето на овој шутер што може бесплатно да се игра.

Започна со драматично популарна бета верзија кој одброи околу 7,5 милиони играчи, а кулминираше со 10 милиони играчи што ја преземаа целата игра во рок од две недели од лансирањето.

Почетоците на The Finals

The Finals е моментално најпопуларната FPS игра која може да се пофали со неспоредлив деструктивен потенцијал, иновативни „ликови од херои“ и премногу дејствија кои што и даваат на играта да е нешто сосема ново.

Многу е интересно како играта беше релативно пуштена без никакви големи промоции и оствари вакви бројки! Според мене играта пред да беше лансирана даваше многу досадни трејлери! Но на крај испадна предобро нешто!

Гејмерите имаат големи очекувања од оваа игра да стане многу добар е-спорт конкурент. Совршено е подготвено да ги размрда тие сцени, имајќи предвид дека играта е изградена да претставува спорт за гледачите на најфундаментално ниво.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN