PC

Потребни PC спецификации за Gotham Knights

Препорачаните спецификации за PC за Gotham Knights се потврдени, пред објавувањето на играта за во петок, и голем дел од луѓето се зачудија кога видеа какви спецификации се потребни за играта. Спецификациите беа споделени на Твитер минатата ноќ, само неколку дена пред лансирањето на играта овој петок.

Минималните спецификации се:

  • Processor: Intel Core i5-9600K or Ryzen 5 3600
  • Memory: 8GB RAM
  • Graphics: Geforce GTX 1660 Ti or Radeon RX 590
  • Storage: 60GB

Со овие спецификации можете да играте со 60FPS на Low Settings – 1080p

Препорачаните спецификации

  • Processor: Intel Core i7-10700K or Ryzen 5 5600X
  • Memory: 16GB
  • Graphics: Geforce RTX 2070 or Radeon RX 5700 XT
  • Storage: 60GB

Со овие спецификации можете да играте со 60FPS на Max Settings – 1080p

Претходно оваа недела беше објавено дека верзиите на конзолата на Gotham Knights ќе бидат заклучени на 30 FPS и нема да вклучуваат режим на игра. Во текот на ноќта, издавачот на Callisto Protocol – Krafton потврди дека неговата игра ќе има режим на изведба од 60 FPS – при што многумина го забележаа времето на оваа најава како далеку од случајно.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 15 ноември, кога 16-те најдобри гејмери од Македонија ќе се соочат на националното Red Bull Wings Cup финале, со една цел: да ја освојат националната титула и да нè претставуваат на светското финале во Мајами.

Патот до националното финале започна во октомври, 2026, со отворањето на пријавите за Универзитетската и Отворената лига, а за само неколку недели, натпреварувањето собра 739 регистрирани играчи од цела Македонија, кои одиграа повеќе од 690+ EA SPORTS FC™ 27 натпревари. Квалификациската трка освен онлајн, се одвиваше и во четири градови, опфати четири универзитети и осум факултети, а сега најуспешните 16 играчи од двете лиги се подготвени за последниот предизвик пред светското финале во САД.

Но, националното финале носи и поинакво гејминг искуство, бидејќи на 15 ноември, со почеток од 18 часот, Cineplexx во Skopje City Mall ќе се претвори во гејминг арена, каде што финалистите ќе ги одиграат решавачките натпревари пред публика, на големото платно. Најдобриот играч ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде што ќе се сретне со најдобрите гејмери од 80 земји ширум светот и ќе ги покаже своите фудбалски вештини и надвор од виртуелниот терен, преку реални фудбалски предизвици.

View this post on Instagram

A post shared by Red Bull Македонија 🇲🇰 (@redbullmakedonija)

Националното финале ќе биде можност публиката одблизу да ја проследи цела EA SPORTS FC™ 27 акција, да ги поддржи Red Bull Wings Cup финалистите и да дознае кој од нив ќе нè претставува на светскота сцена следната година.

Сите љубители на фудбалот и гејминг фанатици се добредојдени на 15 ноември во 18 часот во Cineplexx, Skopje City Mall да ја проследат акцијата и да бидат дел од атмосферата.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!