Star Wars: Hunters е одложена

Претстојната бесплатна игра Star Wars: Hunters е одложена, објавија развивачот Zynga и Lucasfilm Games. Наместо да се појави оваа година за Nintendo Switch, како и за мобилните уреди на iOS и Android, Star Wars: Hunters сега треба да излезе во 2023 година. Што се однесува до тоа зошто е одложено, се чини дека развивачот одлучил дека играта не е спремна за лансирање.

“We are working tirelessly to achieve our vision for Star Wars: Hunters,” the announcement of the delay reads in part. “Our ambition is to create a competitive battle arena game that will entertain for years to come. To ensure we meet the high expectations we are setting for fans globally and ourselves as developers, we have made the decision to delay the worldwide launch of Star Wars: Hunters.”

Целосната изјава за доцнењето на Star Wars: Hunters можете да ја погледнете подолу:

Според соопштението, Star Wars: Hunters ќе остане достапна за оние кои играат на софт ланчот и ќе продолжат да гледаат редовни ажурирања на нови содржини што ќе доведат до светското лансирање следната година. Следното ажурирање за оние кои играат Star Wars: Hunters во мекото ланисрање е планирано да се случи „во текот на следните неколку недели“, според најавата.

Star Wars: Hunters е особено сместена по падот на Галактичката империја, ставајќи го некаде по Return of the Jedi во приказната. Играчите ќе се борат со тоа во арените во тимови со секакви ликови од Star Wars, но сите откриени ликови досега – како воинот Rieve, Aran Tal the Mandalorian, Grozz the Wookiee, – се чини дека се оригинал на видео играта.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Еве еден интересен факт: од сега па сè до 2029 година, OpenAI контролира 40 отсто од светското производство на динамичка меморија со случаен пристап (DRAM), која се користи во мобилните телефони, конзолите за видеоигри и системите за вештачка интелигенција. Така, компанијата зад ChatGPT е една од главните причини поради кои сега треба да платите 650 долари за PS5 и поради кои речиси никој не може да си дозволи да состави нов гејминг-компјутер. Сепак, извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, некако смета дека овој процент не е доволен.

Според Алтман, сите ние – обичните луѓе, заедно со неговата компанија вредна 852 милијарди долари – имаме заеднички интерес. Во неформално интервју за YouTube-каналот Cheeky Pint, Алтман објасни дека светот веќе има ограничени капацитети за производство на силициум.

„Од гледна точка на глобалната распределба, всушност е прилично ужасно што сите имаат големи количини од ограничените светски резерви на DRAM меморија во своите компјутери, а таа се користи само пет отсто од времето.“

Алтман тврди дека, со оглед на постојните ограничувања, би било покорисно DRAM меморијата што луѓето ја имаат во своите електронски уреди да се користи за напојување на дата-центрите. На тој начин, сите би можеле да ја искористат вкупната компјутерска моќ.

„Ако се обидувате да се справите со средина во која понудата е многу ограничена, сакате максимална искористеност на капацитетите во облакот. А некако, интуицијата на луѓето е токму спротивна од тоа“, рече Алтман.

Од ChatGPT до PS5

Аргументот на Алтман, кој погодно ја заобиколува улогата на OpenAI во создавањето на проблемот со недостигот на меморија, наиде на неверување кај коментаторите и корисниците на YouTube. Сепак, Sony се согласува со него, поради што производителот на хардвер планира да ја прекине поддршката за Blu-ray во 2027 година и да произведува само целосно дигитални конзоли PS5.

Додека корисниците откриваат начини за отклучување на хардверот, а вештачката интелигенција го забрзува процесот на создавање игри, компании како Sony имаат дополнителен мотив да создадат средина во која поединечните корисници поседуваат што е можно помалку. Не можете лесно да украдете или да направите реверзно инженерство на нешто што се емитува преку облак, додека компаниите можат да контролираат колку ќе плаќате за пристап до таа содржина. Алтман само го кажува гласно она за што обично се молчи.

Подоцна, Алтман рече дека се надева оти трошоците за енергија, снабдување и производство наскоро ќе се намалат. „Ако не се намалат, ќе бидам многу тажен. Но, за да се намалат, со оглед на тоа колку вредност има во сето ова, понудата мора значително да се зголеми.“

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!