Првиот DLC контент на Atomic Heart

Atomic Heart доби трејлер за својот прв DLC контент. Atomic Heart е еден од хитовите на 2023 година кој што многумина го преспаа некако, и го игнорираа, но имаше голем импулс во неговото објавување. Некако играта беше ставена во сенка од други игри како Hogwarts Legacy. Како и да е, фановите се чинеше дека уживаат во играта поради нејзината естетика, но беа особено критични за работи како што е дијалогот кој беше малку препотентен. Сепак играта беше толку успешна што ќе добие втор ‘ветер во грб’ подоцна оваа година бидејќи тимот зад играта сега се движи кон DLC контент што треба да привлече играчи, односно да проба да врати голем дел од играчите, и да донесе нови играчи што не ја играа играта порано годинава.

Atomic Heart доби краток тизер за својот прв DLC контент, кој се чини дека е неименуван во моментов. Покажува многу елабориран и чуден објект што изгледа како нешто од приказната на Dr. Seuss. Во секој случај, не знаеме многу повеќе за ова DLC. Веројатно значи дека ќе добиеме уште неколку тизери пред последниот трејлер во наредните недели. Во секој случај, се надевам дека нема да помине долго пред да се вратам во овој свет!

МАРКЕТИНГ

На интернет се појавија сосема нови информации, со 192 GB содржина од GTA 5 и GTA 6, вклучувајќи преглед на мапата на Либерти Сити, DLC работи за агент Тревор и друго.

Неодамнешните информации што излегоа на виделина не се ново протекување; всушност, тоа се податоци од протекувањето од 2022 година што сега повторно се појавија. Поголемиот дел од овие најнови информации што досега се откриени вклучуваат детали за елементи што Rockstar ги извади од GTA 5, со некои навестувања за работи од GTA 6, исто така, расфрлани.

Во моментот на пишување, луѓето сè уште ги разгледуваат 192 GB нови протекувања за GTA 6 и GTA 5, а еве некои од информациите што се забележани. Креаторот на GTA, TJGM, ги споделува најновите протекувања за GTA 5 и GTA 6 преку својот X профил. Прво се раните мапи од GTA 6 кои личат на она што го видовме во трејлерите, но се рендери со многу низок квалитет.

Видео од TJGM открива дека датотека со име „dlcliberty_game.date151.rel“ е откриена во неодамнешното протекување на информации за GTA 5 и GTA 6. Овие податоци обично се користат за креирање зони на мапата на GTA 5.

Корисникот ги импортирал овие датотеки во CodeWalker, уредникот на мапи за GTA 5, и открил контури што покажуваат потенцијално проширување на мапата на Liberty City за GTA 5, кое можело да биде објавено како DLC. Се чини дека е поголемо од Liberty City од GTA 4. Дополнително, датотека за тестирање на теренот е пронајдена и во истите податоци.

Покрај тоа, протечените податоци вклучуваат средства од откажаниот DLC за еден играч од GTA 5, Агент Тревор, вклучувајќи локација за вселенски брод со вселенски одела и Френклин во арапска вила со огромен подземен простор. Исто така, беа откриени и некои имиња на мисии. Корисникот на X, affmalyt, успеа да ги пронајде овие детали.

Исто така, протече разговор од алтернативен крај што програмерите очигледно го планирале за смртта на Тревор. Во оваа ситуација, ликот се урива во резервоар со течен азот, кој го замрзнува, и на крајот се распаѓа и умира.

Протече дијалог за оригиналниот крај на опцијата А во #GTA V!

Првично планирале Тревор да се удри во резервоар со течен азот наместо во танкер со нафта. Течниот азот ќе го натера да замрзне, а потоа да се распадне.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!