Од денес можете да играте како Lightning McQueen во Rocket League

Можеби најголемиот кросовер настан со најмногу смисла од Филм во Видео Игра конечно пристигна. Во Rocket League, играчите сега можат да го купат и да го користат Lightning McQueen кој го менува речиси секој приспособлив елемент од нивната игра: налепници, песна, начин на славење, бандажи и се останато.

Ако вашиот сон некогаш бил да се движите низ теренот додека се претставувате како Lightning McQueen, главниот лик од франшизата Cars на Disney Pixar, тогаш можете слободно да го сторите тоа со целосно новиот пакет на кросовер што Psyonix неодамна го претстави во Rocket League. Има три нови налепници за отклучување, како и класична прославена анимација „Ka-chow“.

Најдобро за купување, на пример е мега пакетот Lightning McQueen, кој ќе ви врати околу 2500 кредити (околу 25 долари), но содржи сè што може да ви треба од настанот на кросоверот. Ако малку ви недостасуваат средства, може да го купите Premium, кој чини 2000 кредити и ги губи банерот на играчот и анимацијата за прослава на гол.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…