Нова Lord Of The Rings Mobile RPG игра од EA

Electronic Arts се враќаат во бизнисот со игрите сместени во светот на „The Lord of The Rings“, објавувајќи партнерство денес со Middle-earth Enterprises за нов мобилен наслов. Името на оваа мобилна Free-To-Play игра ќе биде The Lord of the Rings: Heroes of Middle-Earth.

EA’s Capital Games, студиото зад насловот кој е вреден милијарда долари – Star Wars: Galaxy of Heroes, ќе биде креаторот на оваа игра. Нивниот план е оваа игра да има како што нагласуваат они “strategic, social-competitive experience”

Извршниот директор на EA Mobile, Malachi Boyle, во изјавата за медиумите кажа дека Heroes of Middle-earth ќе вклучува „графика со висока верност, кинематографски анимации и стилизирана уметност“. Играта ќе ги содржи омилените ликови на фановите од франшизите на LOTR и The Hobbit, иако никој не беше директно именуван.

Извршната директорка на Middle-earth Enterprises, Fredrica Drotos, изјави: „Возбудени сме што соработуваме со EA уште еднаш, овој пат да донесеме мобилна игра исклучиво инспирирана од светот на Middle-Earth…“

ЕА направи многу LOTR игри во минатото, вклучувајќи ги Lord of the Rings: Conquest, The Lord of the Rings: The Battle for Middle-earth 1 and 2, The Lord of the Rings: Tactics, and The Lord of the Rings: The Third Age. Компанијата, исто така, ги креираше игрите кои што беа споени со филмовите Two Towers и Return of the King во раните 2000ти години. Новото партнерство на EA со Middle-earth Enterprises беше објавено денеска не долго откако беше објавено дека матичната компанија Middle-earth Enterprises Saul Zentz Co. спроведува аукција за правата на видео игрите на LOTR. Се чини дека ЕА беше меѓу успешните понудувачи, иако е можно оваа зделка да датира пред тој процес на аукција.

Во секој случај, Heroes of Middle-earth е turn-based RPG која ќе содржи елементи на раскажување на “длабоки” приказни (како што е нагласено од EA), системи за собирање на „голем број“ на ликови од LOTR и The Hobbit. „Играчите се борат низ познатите приказни/случувања од светот на Толкин и ја започнуваат борбата против големите зли сили на Middle-Earth“, се вели во својата објава на EA.

Heroes of Middle-earth не е единствената нова игра сместена во светот на LOTR која што е во изработка. Daedalic моментално креираат игра фокусирана на Gollum која треба да излезе оваа година. Дополнително, долгогодишниот MMO The Lord of the Rings Online сè уште е силен, и неодамна го достигна својот највисок број на играчи во последните 10 години, делумно благодарение на настанот на 15-годишнината. Надвор од игрите, долгоочекуваното ТВ-шоу “The Lord of the Rings: The Rings of Power” на 2 септември ќе има премиера на Prime Video.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

Во нова објава на Твитер, познатиот протекувач j0nathan тврди дека франшизата е „мртва и закопана“, веројатно поради слабата продажба и популарност на Watch Dogs: Legion.

Во објавата се сугерира дека неуспехот на Legion го загрозил „започнатиот но никогаш довршениот Battle Royale“. Иако нема официјални ажурирања за иднината на серијата во врска со новите игри, минатиот месец, новите извештаи открија дека се подготвува адаптација на филм од New Regency.

И покрај перцепцијата на франшизата, AAA игрите на Ubisoft често се продаваат добро. Серијата имаше солидни продажби за првите два дела. Оригиналната игра достигна 10 милиони продадени копии во 2014 година. Watch Dogs 2 беше лансирана во 2016 година, продадени во 10 милиони копии до март 2020 година.

Ужасно ниска продажба

Еден стар извештај од медиумот VGChartz додава дека Legion успеала да продаде 1,9 милиони дигитални копии за само три дена. Написот е извор на SuperData за информации за продажба. Во Англија, играта, исто така, ги направи најдобрите 20 продажби на PlayStation 5 во јануари 2023 година, според извештајот на GI Biz.

Сепак, Legion доби мешани критики од базата на фанови. На Metacritic, рејтингот на корисниците на Legion моментално е 6,2, што е голем пад од 7,7 на vtoriot del. Со оглед на тоа што се подготвува филм за играта, Ubisoft сè уште може да се обиде да ги искористи главните барања за продолжување на серијата игри на некој начин.

Ubisoft допрва ќе ја коментира иднината на серијата Watch Dogs…