miHoYo лансираа веб-страна која го одбројува претставувањето на нивната нова игра – Zenless Zone Zero

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Креаторите на мегапопуларната игра Genshin ImpactmiHoYo лансираа веб-страна каде што се прикажува одбројувањето на нивната нова игра која што ќе го носи името Zenless Zone Zero. Играта треба да биде прикажана и претставена на 13ти мај.

На веб-страницата имаме CRТ телевизор што ги емитува следните „Ударни вести“:

A sub-Hollow has suddenly appeared on the Janice quarter’s August streets some 30 minutes ago. Public security has established a level two control zone, and is currently evacuating residents.

miHoYo отворија социјални мрежи кои што се за целиот свет на различни јазциц, Twitter (English, Japanese), Facebook English, Japanese, Korean, Simplified Chinese, Traditional Chinese), YouTube (English, Japanese, Korean, Traditional Chinese), Reddit, TikTok, Weibo и Discord.

Stay tuned…

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit
Share on pinterest

WP Post Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Актерот од God of War RagnarokChristopher Judge, кој го дава гласот и глумата на Kratos во игрите сега сака да го глуми големиот Kratos и во ТВ играната адаптација која ќе биде правена од Amazon Prime. Kratos е еден од најпознатите иконски ликови во светот на игрите. Датира од времето на PS2 кога Kratos беше клучен лик на PlayStation и беше веднаш препознатлив поради тоа колку беше целосно маестрален, неговите тетоважи и лузни и неговиот дементен глас што врескаше по неговите непријатели. Тој беше толку голема работа што NetherRealm дури и го вклучија и во Mortal Kombat како лик што може да се игра во верзиите на играта на PlayStation. Неговото патешествие продолжи во 2018 година со објавувањето на God of War на PS4, што беше меко рестартирање кое го промени тонот на серијалот, но ја продолжи приказната. Актерот на Kratos, исто така се смени и дојде Christopher Judge, кој беше прогласен за давање на една од најдобрите изведби во видео игри!

Претходно оваа година беше потврдено дека Amazon развива играна ТВ сериј за God of War. Не е јасно кои игри ќе ги адаптира или кои ликови ќе бидат во серијата, но многумина почнаа да го кастираат Kratos. Моментално оваа франшиза има толкава фан база што луѓе полудуваат за кој да биде Kratos!

Актерот кој што е многу актуелен со Филмскиот универзум на Marvel, Dave Bautista, го фрли своето име во пехарот на Kratos, а многу други имиња беа предложени од обожавателите. Но сепак Dave Bautista е многу пропаднат актер што моментално пробува секаде да се протне бидејќи никој не го сака толку многу. Пробува да се протне и во адаптацијата на Gears of War, да се прават Marvel филмови само со него, и многу други работи. Dave Bautista е актерот кој што би направил се за да добие улога која ќе му донесе многу пари, но сепак луѓето не го сакаат.

Сепак, актерот на Kratos, Christopher Judge, мисли дека тој е човекот за таа работа. Еден обожавател на Twitter потенцираше дека никој од актерите што се барани од страна на фанови не биле доволно добри да ја земат секирата или мечовите и да влезат во улога на Kratos. Вистинската улога, односно актерот кој треба да ја добие улогата МОРА да биде Christopher Judge!

Може сите да се сложиме дека Christopher Judge е човекот кој треба да го игра Kratos! Гласот му е прекрасен, иако можеби за млад Kratos може да го промени. Тој има тело за тоа, го има гласот за тоа, се чини дека Christopher Judge е одлично погоден за Kratos. Сепак, со оглед на природата на овие емисии, не би било изненадувачки ако Amazon се обиде да најде по „препознатливо“ име на кое ќе може да се потпира на маркетингот….. А кога зборуваме за препознатливо лице со добра мускулатура и без коса сите знаеме на кој актер прво ни идат мислите… Да не звучиме рацистички но The Rock е белец, Judge можеби ќе биде доста негативно прифатен од страна на фановите.

Ние ниту малку не сакаме Dwayne ‘The Rock’ Johnson да ја игра улогата на Kratos од причина што сметаме дека The Rock треба да си остане на тоа што е добар и што си го прави, Комедии во Hollywood. Иако го видовме малку да премине од комедија во сериозна улога на Анти-Херој во новиот Black Adam филм, сепак има доста други актери кои што можат да го одглумат Kratos. Прекрасен пример е еден од членовите на нашиот тим – Гораст Цветковски! Подоле може да го погледнете во улога на Kratos!