Покрај тоа што полека се завршува развојот на Marvel’s Spider-Man 2 и за некој месец треба да ја видиме и повторно да играме како Паркер и Мајлс (веројатно и повеќе други), Insomniac Games работи и на претходно најавената ексклузива за PlayStation 5 – Marvel’s Wolverine. Меѓутоа, ако сакаме да веруваме во новите информации кои доаѓаат од самото студио, во развој е и трета AAA игра која што се уште не е најавена и не знаеме многу инфорамции околу неа. Но најголемите претпоставки е дека се работи на уште една Marvel игра, и фановите имаат многу очекувања како IronMan, Doctor Strange, Hulk и многу други јаки фаци од франшизите на Marvel. Но може да е или некое ново IP или веќе постоечко IP.
Оваа информација ја откри Erin Eberhardt, клучната проектна личност на Insomniac која претходно работеше во Activision Blizzard. За време на нејзиното интервју за Универзитетот Full Sail, таа зборуваше за нејзината прва година во Insomniac, како и за нејзиното искуство за време на нејзиниот петгодишен престој во Sony, но исто така го допре и тој познат нов мистериозен проект. Иако не откри никакви конкретни детали поврзани со тоа, таа напомена дека тимот од Insomniac во моментов експериментира со своите технички карактеристики.
Се уште не е познато за каква игра би можело да станува збор. Но, постојат неколку можни опции. Тука е, пред се, новата Ratchet & Clank и претходно споменатата мултиплеер игра за која претходно се шпекулираше, но за која долго време не се зборува. Секако, постои можност да е и нова IP.