Ubisoft го откажа продолжението на Immortals: Fenyx Rising

Според голем број на сигурни извори, продолжението на хитот на UbisoftImmortals: Fenyx Rising е откажано во раната фаза на изработка на играта. Горенаведените извори тврдат дека продолжението на споменатата игра навистина било во рана развојна фаза во студиото Ubisoft Quebec. Според изворите ова откажување е поради тоа што Ubisoft сакаат да се фокусираат на нивните главни и поголеми наслови, најмногу да се фокусираат на Assassin’s Creed.

Според претходните инсајдерски информации, продолжението на Immortals: Fenyx Rising всушност не требаше да биде продолжение, туку еден вид спин-оф. Беше во развој под кодното име Oxygen и требаше да биде инспирирано од Полинезиската култура и митологија. Дали информациите за неговото откажување се вистинити и дали сè уште има шанси да го видиме некогаш (можеби кога Assassin’s Creed е над главата на сите) останува да видиме.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN