Франшизата Mortal Kombat ќе биде целосно Рестартирана

Наскоро доаѓа Mortal Kombat 12, но.. пресвртот е во тоа што можеби воопшто нема да го носи името Mortal Kombat 12 и нема да е продолжение!? По минатонеделниот тизер, девелоперите од NetherRealm споделија кратко видео од часовник кој интезивно се движи до бројот 12. Како што доаѓа до 11 и се обидува да штиклира кон 12, времето скока напред сè до 1! Што треба да значи ова?! Дали ова значи целосен рестарт на целата франшиза?!

Треба да дознаеме многу брзо… Шпекулациите сугерираат дека играта ќе биде објавена ова лето, или како дел од некој вид на PS Showcase или на некој од другите настани што моментално се планирани да се одржат во јуни. Дефинитивно се чувствува како студиото да гради кон нешто сега, а од финансискиот извештај на издавачот Warner Bros знаеме дека насловот е насочен кон објавување подоцна оваа година.

г

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Sony ги објави бесплатните игри кои доаѓаат на PS Plus за членовите на Essential во мај 2024 година.

Почнувајќи од 7 мај, членовите на PS Plus Essential ќе добијат бесплатен пристап до EA Sports FC 24 (PS4, PS5), Ghostrunner 2 (PS5), Tunic (PS4, PS5) и Destiny 2: Lightfall (PS4, PS5). Како и сите месечни игри на PS Plus, играчите можат да ги додадат во својата библиотека за да ги побараат во секое време во текот на месецот кога се достапни. Откако ќе се додадат, тие можат да се инсталираат и репродуцираат во секое време се додека имате активно членство.

Destiny 2: Lightfall, Ghostrunner 2 и Tunic ќе бидат достапни за симнување од 7 мај до 3 јуни. EA Sports FC 24, сепак, ќе биде достапна до 17 јуни.

Покрај четирите игри, претплатниците на PS Plus можат да го побараат стартниот пакет на PS Plus Football Ultimate Team. Пакетот вклучува 11 играчи кои не можат да се тргуваат, сите оценети со 82 или погоре, како и избор на играч за заем од ICON за седум натпревари.