EA изработуваат Open-World Single-Player – Black Panther игра

EA, наводно, е најновото студио што добило делче од акциите на Марвел, а новите тврдења сугерираат дека моментално се работи на нова игра, со отворен свет базирана на серијата Black Panther. Тоа го вели новинарот Jeff Grubb, кој зборуваше како дел од стримот Game Mess Mornings на Giant Bomb‘s, тврдеше дека проектот ќе биде наслов само за еден играч, а целта на EA е да се надоврзе на успехот на добро прифатената игра издавачот и креаторот Respawn – Jedi: Fallen Order. И наскоро нормално Jedi: Survivor.

Иако деталите се неизбежно ограничени во овој момент, се вели дека насловот е во „многу ран развој“ – Grubb тврдеше дека основната премиса е дека играчите ќе треба да завршат различни предизвици во обид да станат новиот Black Panther, по смртта на сегашниот. Сегашниот, тој што умира веројатно е T’Challa но не мора да значи..

ЕА, наводно, играта за сега ја нарекува Project Rainier. Иметно веројатно е земено од Mount Rainier од Washington. Тоа е релевантно бидејќи тимот што се справува со неговиот развој се вели дека е новото студио на EA во Сиетл, предводено од поранешниот шеф на Monolith Productions, Kevin Stephens.

Stephens – кој ги надгледуваше сличните на Middle-earth: Shadow of Mordor и Middle-earth: Shadow of War за време на неговото време во Monolith – се приклучи на EA минатиот мај. Во тоа време, беше потврдено дека неговото студио ќе работи на нова акциона авантура со отворен свет, која очигледно убаво се усогласува со ова!

МАРКЕТИНГ

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.