Chris Metzen се враќа во Blizzard!!!

Како што објави John Height (General Manager, Warcraft) на Twitter, легендата на легендите Chris Metzen му се придружува на тимот на Warcraft како креативен советник. Првично ќе се грижи за World of Warcraft, но неговите одговорности последователно ќе се прошири и на други полиња! Chris Metzen беше еден од првичните членови на Blizzard кој го напушти студиото пред неколку години, во 2016 година, сакајќи да одвои време за себе и своето семејство. Му посакуваме одлично враќање!

АЛООО ЛУЃЕЕЕ!!! CHRIS METZEN СЕ ВРАЌА ВО BLIZZARD!!! Дали ви е јасно ова колку е јакооо!!!

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.