Super Mario RPG добива Римејк верзија

За време на денешниот Nintendo Direct, Nintendo и Square Enix официјално објавија римејк на Super Mario RPG: Legend of the Seven Stars. Римејкот едноставно ќе го носи насловот Super Mario RPG и ќе ја нуди истата изометриска перспектива видена во оригиналната игра, но со прекрасна нова графика. Играта ќе биде објавена на 17-ти ноември на Nintendo Switch, што би требало да биде многу добра вест и за долгогодишните фанови и за оние кои никогаш не добиле шанса да го искусат оригиналот. Гласините кружеа за играта претходно оваа недела, а тие гласини сега се потврдени!

Super Mario RPG ја одбележа последната игра објавена од Square на Super Nintendo, пред компанијата да го префрли фокусот кон платформата PlayStation. Сквер и Нинтендо имаа големи расправии поради тој потег и тие двајца не работеа заедно неколку години. Деновиве двете компании имаат многу поблиски односи, а многу игри од издавачот се објавени на Switch. Додека Super Mario RPG беше објавен на виртуелната конзола Wii и Wii U, играта мистериозно недостасуваше од Nintendo Switch Online. Фановите поминаа години буквално молејќи го Нинтендо да го додаде на услугата, но се чини дека двете компании се одлучија наместо да ја преработат играта.

Од објавувањето на Super Mario RPG: Legend of the Seven Stars, Марио стана главен дел од жанрот RPG. Играта ја инспирираше серијата Paper Mario, како и насловите како Mario & Luigi: Superstar Saga. Ќе биде интересно да се види како новодојденците се чувствуваат за играта, како и за нејзината единствена актерска екипа. Ликовите како Џено и Малоу станаа омилени со текот на годините, а Џено беше често баран лик за Super Smash Bros. Ultimate. Додека херојот не влезе во играта како борец, додадена е облека на Mii Fighter базирана на Џено. Можеби појавувањето на ликот во римејкот на Super Mario RPG ќе му даде поголема шанса да се појави во следната игра на Smash Bros.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!