Кои се следните Super Mario игри

Значаен и доста познат инсајдер на Nintendo изјави дека повеќе игри поврзани со серијалот на Super Mario треба да бидат објавени во иднина. Во овој момент, голем дел од она што Nintendo го развива со своите First Party студиа се чува скриено. Надвор од The Legend of Zelda: Tears of the Kingdom и Pikmin 4, многу фанови на Nintendo не знаат што да очекуваат од издавачот во иднина. Меѓутоа, кога станува збор за главната маскота на Nintendo – Mario, изгледа дека Италијанскиот Водоводџија наскоро се враќа во многу нови наслови (па и стари).

Доаѓајќи од инсајдерот – Zippo, кој имаше неколку прецизни погодувања во минатото во однос на Nintendo, изјави дека во моментов се работи на неколку различни игри на Mario. За почеток, Zippo тврди дека нова, 2D игра на Super Mario Bros. е во подготовка и ќе биде објавена во одреден момент во блиска иднина. Дополнителни детали за оваа игра не беа дадени, но слушнавме претходни извештаи и гласини во минатото кои наведоа слични информации.

Надвор од ова, исто така се вели дека ќе биде објавена нова спортска игра со Mario и најверојатно ќе биде поврзана со бејзбол. Во истиот тој правец, наводно доаѓа и нова игра со Mario & Sonic on the Olympics, и ќе започне во тандем со Летните игри во 2024 година. Конечно, и можеби најзначајно, ремастерот на класичниот GameCube RPG Paper Mario: The Thousand-Year Door е веќе завршен и веројатно треба да дојде на Switch наскоро.

МАРКЕТИНГ

Следната игра од серијалот на PlayStation Ratchet & Clank е откажана пред да добие целосно издание. Во петокот, Sony Interactive Entertainment и развивачот Oh BiBi објавија дека Ratchet & Clank: Ranger Rumble ќе биде повлечена од дигиталните продавници овој месец, а целосно ќе биде згасната следниот мај.

Ratchet & Clank: Ranger Rumble е мултиплеер шутер за Android и iOS. Играта беше претставена пред речиси точно една година, на 12 ноември 2025 година, а нејзиниот прием во најдобар случај беше поделен. Оттогаш, Sony ја објавуваше играта во ограничен пристап во различни региони, а последно во август во Обединетото Кралство. Sony во текот на летото најави планови за глобално лансирање, но компанијата сега ја смени одлуката.

„Во име на развојниот тим и сите кои помогнаа во создавањето на играта, им благодариме на нашата неверојатна заедница за сета поддршка, особено на оние кои одвоија време да играат, да споделуваат повратни информации и да помогнат во обликувањето на Ranger Rumble во текот на нејзиниот развој!“, се наведува во објавата на веб-страницата на Ranger Rumble.

Ratchet & Clank: Ranger Rumble ќе добие последно ажурирање во петок, а на 21 ноември целосно ќе биде отстранета од App Store и Google Play Store. Нејзините сервери трајно ќе бидат исклучени на 1 мај 2027 година, по што играта повеќе нема да може да се игра. На веб-страницата на Ranger Rumble има детално често поставувани прашања во кои е објаснето како ова затворање ќе влијае врз наградите во играта, сезонските пропусници и валутата во играта.

Ratchet & Clank беше создадена во 2002 година од Insomniac Games, студиото кое денес е попознато по игрите на Marvel, како септемвриската Marvel’s Wolverine. Последното издание на франшизата за конзоли беше одличната Ratchet & Clank: Rift Apart од 2021 година. Insomniac официјално не најавил нова игра Ratchet & Clank, но хакерскиот напад врз студиото во 2023 година и последователните протекувања на информации укажуваат дека студиото работело на продолжение на Rift Apart. Оттогаш не се објавени никакви официјални планови.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!